| Macedonian
СВЕТ
5 МИН ЧИТАЊЕ
Турските безбедносни сили годинава неутрализираа над 1.200 терористи
Продолжуваат дејствата за воспоставување стабилност во Сирија колку што е можно поскоро, овозможувајќи безбедно враќање на Сиријците во нормализирана средина, соопшти турското Министерство за национална одбрана
Турските безбедносни сили годинава неутрализираа над 1.200 терористи
Минатата недела неутрализирани се вкупно 44 терористи / Photo: AA / AA
15 септември 2023

Туркије неутрализира повеќе од 1.200 терористи на ЈПГ/ПКК од почетокот на оваа година, вклучително и оние што се кријат преку границата во Ирак и Северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана.

„Минатата недела неутрализирани се вкупно 44 терористи“, изјави за новинарите официјален претставник на Министерството на брифинг во Анкара, додавајќи дека досега годинава се неутрализирани вкупно 1.229 терористи.

„Продолжуваат дејствата за воспоставување стабилност во Сирија колку што е можно поскоро, овозможувајќи безбедно враќање на Сиријците во нормализирана средина“, рече претставникот, осврнувајќи се на активностите на Туркије во Северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор, за заштита на границите на Туркије и осигурување на безбедноста на Сиријците таму.

Се преземаат сите неопходни мерки за одржување на безбедноста и стабилноста во оперативните области, а на терористичките напади се одговара пропорционално, додаде претставникот на Министерството.

Од јануари досега од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ во областите на антитерористичките операции на Туркије извршени се 298 вознемирувачки инциденти и напади, а 903 терористи се неутрализирани со итна реакција на турските војници, изјави претставникот.

Од 2016 година Анкара започна три успешни антитерористички операции блиску до сириско-турската граница, во Северна Сирија, за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.

За илегалните премини во Туркије, официјалниот претставник истакна дека благодарение на дополнителните ефективни мерки, од 1 јануари биле фатени 6.890 лица, кои се обиделе илегално да ги преминат границите на Туркије, меѓу кои 487 терористи.

Вкупно 153.412 лица биле спречени пред да ја поминат границата.

Туркије е клучна транзитна точка за нерегуларните мигранти што сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.

Земјата, која веќе е домаќин на 4 милиони бегалци, најголем број од која било друга земја во светот, презема нови мерки на своите граници за да спречи нов прилив на мигранти.

Инцидентот во Турската Република Северен Кипар

Во врска со инцидентот што се случи меѓу мировниците на Обединетите нации (ОН) и војниците на кипарските Турци на улицата „Бурхан Тан“ во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) на 11 септември, турските безбедносни извори истакнаа дека улицата е под јурисдикција на персоналот на Командата на безбедносните сили како дел од Договорот за демилитаризација, потпишан меѓу ТРСК, администрацијата на кипарските Грци и ОН во 1989 година.

„Мировните сили на ОН неодамна покажаа однесување што може да го загрози принципот на неутралност, а од нив се бара внимателно да го одржуваат на островот. За време на активностите за чистење на улицата на 11 септември мировните сили на ОН се обидоа да влезат во областа каде што беше присутен персоналот на Командата на безбедносните сили тврдејќи дека сакале да спроведат задачи за чистење.“

Притоа настана расправија, при што припадник на Командата на безбедносните сили беше удрен од припадник на мировните сили на ОН, истакнаа изворите.

По инцидентот, заменик-командантот на мировните сили се извини истакнувајќи дека ќе се спроведе детална истрага за инцидентот и ќе бидат преземени соодветни мерки.

Отворањето на коридорот Зенгезур има големо значење

Во врска со неодамнешните тензии меѓу Азербејџан и Ерменија, турските безбедносни извори истакнаа дека Ерменија е фатена како го прекршува примирјето во регионот, копа ровови, отвора нови позиции и ги зацврстува своите позиции.

Тие потсетија дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарал со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан за намалување на тензиите.

„Ерменија треба да ги остави настрана провокациите и да се фокусира на мировните преговори и соработката. Патот кон мирот и стабилноста во регионот лежи во потпишувањето сеопфатен мировен договор. Во тој поглед, отворањето на коридорот Зенгезур има големо значење“, нагласија изворите.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Фон дер Лајен вели дека силна Европа значи силен НАТО
Руте: Русија трпи огромни загуби во Украина, не треба да ја доживуваме како „моќна мечка“
Бангладеш: Изборен триумф на Националистичката партија, лидерот се враќа по 17-годишен егзил
Две третини од Европејците сметаат дека нивните земји се под закана
Вучиќ по завршувањето на посетата на Туркије: Исклучително продуктивни разговори со Ердоган
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за НАТО мисијата “Арктичка стража”
Поранешниот норвешки премиер Јагланд обвинет за сериозна корупција за наводни врски со Епстин
САД и Северна Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија
Епштајн имал скриени камери во куќата, дури и во кутии за марамчиња
Јапонија уапси кинески капетан откако брод беше пресретнат кај покраината Нагасаки
САД го поништија научното откритие дека емисиите на стакленички гасови го загрозуваат здравјето
САД тајно испратиле околу 6.000 терминали на Старлинк во Иран
Франческа Албанезе: Нема да поднесам оставка, земјите да се фокусираат на моите извештаи
Мисајловски во Брисел: Здружени во НАТО можеме да го издржиме секој предизвик
Ердоган најави посета на Србија: Туркије никогаш не го занемарува Балканот