| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Туркије е со Либија по поплавите во земјата
Туркије е со Либија по катастрофалните поплави кои ја погодија земјата, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека наредил мобилизација на сите државни ресурси за помош на Либијците.
Ердоган: Туркије е со Либија по поплавите во земјата
Ердоган: Туркије е со Либија по поплавите во земјата / Photo: AA / AA
15 септември 2023

„Досега Туркије испрати три авиони и три брода како дел од хуманитарната помош за погодената Либија од поплавите“, рече Ердоган, обраќајќи се на форумот за урбана трансформација и земјотреси во Истанбул.

„Нашата помош за нашите либиски браќа и сестри ќе продолжи непрекинато за да им помогне да ги надминат овие тешки денови за кратко време“, додаде тој.

Најмалку 6.000 луѓе загинаа, а илјадници се водат како исчезнати во поплавите минатиот викенд во источна Либија, според официјалните податоци.

Обилните дождови и поплавите предизвикани од бурата Даниел во неделата погодија неколку области во источна Либија, особено Бенгази, Ал Бајда и Ал Марџ, како и Суза и Дерна.

Законодавство кое Туркије ќе ја направи отпорна на земјотреси

Исто така Ердоган рече дека Туркије ќе ја зајакне работата на тоа земјата да ја направи отпорна на земјотреси.

Целта на законот за земјотреси е „да се воспостави правна инфраструктура која ќе спроведе урбана трансформација на најздрав, најбрз и најчесен начин во односс на реалноста на земјотресите“, рече тој.

„Од сега мораме да ја извршуваме работата со признавање на 81 покраина на нашата земја како земјотресни зони“, додаде Ердоган. По земјотресите на 6 февруари во југот на Туркије, Ердоган рече дека земјата го обновува подрачјето погодено од земјотресот. Туркије е едно од сеизмички најактивните зони на светот. Во февруари силни земјотреси во Туркије убија повеќе од 50.000 луѓе.

Во 1999 година силен земјотрес го погоди северозападот на Туркије, при што животот го загубија 18.000 луѓе.

ИЗВОР:TRT World
Повеќе
Турскиот претседател повика на посилна транспортна интеграција меѓу муслиманските земји
Фидан: САД и Иран покажуваат флексибилност во врска со нуклеарниот договор
Првиот турски беспилотен брод обезбеди партнерство со Саудиска Арабија
Сириja ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф по повлекувањето на американските војници
Германската полиција уапсила двајца членови на терористичката организација ПКК со оружје и дрога
Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори
Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на царините на Трамп кон Канада
Состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел
Русија планира да и испрати нафта на Куба како хуманитарна помош
Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протести во Аргентина
ФБИ ја уништил оригиналната затворска снимка од ноќта на смртта на Епштајн
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем
Албулена Хаџиу избрана за собраниски спикер на Косово
Ердоган: Туркије и Грција да држат отворени канали за дијалог како соседи и сојузници