| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Зеленски одобри посебна армиска гранка за војување со дронови
Украинскиот претседател Владимир Зеленски потпиша декрет за формирање посебна армиска гранка кој ќе биде фокусирана на војувањето со беспилотни летала
Зеленски одобри посебна армиска гранка за војување со дронови
Украина е меѓу првите држави во светот која покрај војска, авијација и морнарица ќе им и гранка за дронови / Фото: AA / AA
6 февруари 2024

Украинскиот претседател Владимир Зеленски потпиша декрет со кој ќе се формира посебна гранка на вооружените сили посветена на употреба на беспилотни летала или дронови.

Уредбата објавена од украинското претседателство, го повикува Кабинетот на министри да разработи прашања во врска со создавањето на огранокот со Генералштабот.

„Само што потпишав декрет со кој иницирав формирање на посебен огранок на нашите одбранбени сили - Силите за беспилотни системи. Ова не е прашање на иднината, туку нешто што наскоро треба да даде многу конкретен резултат“, рече Зеленски.

Изразувајќи дека 2023 година „треба да биде клучна на многу начини“, вклучително и на линијата на фронтот, Зеленски рече дека беспилотните летала „ја докажале својата ефикасност во војувањето на копно, на небо и на море“.

Тој понатаму рече дека Украина ја променила безбедносната ситуација во Црното Море со помош на беспилотни летала. Тој, исто така, рече дека примарна задача на беспилотните летала е да ги одбиваат копнените напади, а уништувањето од големи размери нанесено од Русија во Украина е предизвикано од беспилотни летала.

„Сегашниот список на задачи е јасен: специјални штабни позиции за операции со беспилотни летала, специјални единици, ефективна обука, систематизација на искуството, постојано зголемување на производството и вклучување на најдобрите идеи и врвни специјалисти во оваа област“, додаде тој.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ердоган назначи нови министри за правда и внатрешни работи во реконструкцијата на кабинетот
Нетанјаху се сретна со американските преговарачи за Иран пред разговорите со Трамп
Тирана: Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протестите против владата на Рама
Триесет години од атентатот врз претседателот Глигоров: Се бараат одговори на четири клучни прашања
Најмалку десет мртви во масакр во училиште во Канада
Фидан: Режимот во Иран нема да падне со воздушни напади
Трамп размислува за распоредување втор носач на авиони во близина на Иран
Мицкоски по заплената на 40 тони марихуана: Никој не е над законот
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс пристигна во посета на Азербејџан
Нетанјаху пред Трамп со „израелска визија“ за преговорите со Иран
Лидерката на британската опозиција вели дека премиерот „на функција, но не и на власт“
Иран: Нуклеарните разговори ја покажуваат сериозноста на САД
Кина ќе ги поддржи силите на Тајван кои се залагаат за обединување
Казахстан се откажува од „суперпретседателската“ форма на управување
Лавров: Преговорите за завршување на војната во Украина се во тек, сè уште има долг пат пред нас