| Macedonian
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
Денеска е Светски ден на пицата, италијански деликатес познат низ цел свет
Измислена е во античка Грција веднаш штом Грците ја усовршиле „тајната“ на мешањето брашно со вода. Најпрво тоа било рамен леб што се печел под врел камен, а античките „пица мајстори“ го премачкувале со масло измешано со зачини
Денеска е Светски ден на пицата, италијански деликатес познат низ цел свет
Денеска е Светски ден на пицата, италијански деликатес познат низ цел свет / Photo: AA / AA
9 февруари 2024

Секоја година 9 февруари се слави како Светски ден на пицата.

Нема место во светот каде пицата не е позната. Општото мислење е дека пицата потекнува од Италија, но тоа не е точно.

Измислена е во античка Грција веднаш штом Грците ја усовршиле „тајната“ на мешањето брашно со вода. Најпрво тоа било рамен леб што се печел под врел камен, а античките „пица мајстори“ го премачкувале со масло измешано со зачини.

Изгледот што го знаеме денес веројатно го добил дури некаде на крајот на 16 или почетокот на 17 век, кога доматот пристигнал во Европа од Америка. Тоа е една од главните состојки без која денес тешко можеме да ја замислиме пицата.

Во 18-тиот век, овој „сос од домати“ се пробил во Неапол, Италија и пицата почнала да се пече и продава по плоштадите.

Во далечната 1830 година, во Неапол постоела првата пицерија што работела во затворени простории. Пред тоа, пицериите постоеле само како продажни шалтери на отворено. Дури и денес, кога пицата се рашири низ целиот свет, Неапол останува град во кој пицата е повеќе од само јадење.

Инаку пица потекнува од зборовите „picea“ и „piza“, кои во областа на Сицилија и Калабрија на локалниот латински јазик значеле колачи.

Секој 9 февруари, по повод Светскиот ден на пицата, се одржуваат натпревари и настани во различни делови на светот.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Воздушна команда на НАТО во Германија, стационира дополнителен систем „Патриот” во Адана
Американската амбадсада во Багдад погодена од дрон
Двајца Израелци загинаа во ракетен ирански напад врз Тел Авив
Арагчи: Поединечните ликвидации не влијаат на цврстината на политичкиот систем на Иран
Турскиот претседател ја одбележува победата на Чанаккале во Првата светска војна
ОАЕ: Пресретнати ракети и беспилотни летала од Иран
Зеленски е во Лондон за засилување на воената соработка со Велика Британија
Ердоган: Израелските акции го туркаат регионот кон катастрофа
Советникот на Трамп за борба против тероризмот поднесе оставка поради војната во Иран
Европскиот парламент: Босна и Херцеговина не напредува на патот кон ЕУ
НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија предводен од ЕУ
Фидан во телефонски разговор со Лавров се заложил за оживување на мировните преговори за Украина
Турската морнарица спроведува летови за обука за пребарување и спасување во Сенегал
Украина ја прифати понудата на ЕУ за помош во реконструкцијата на нафтоводот Дружба
Израел тврди дека го убиле шефот на иранската безбедност Али Лариџани; Техеран молчи