| Macedonian
ЕП го поддржа продолжувањето на трговијата со Украина без царини и квоти
Европратениците гласаа за продолжување на суспензијата на увозните тарифи и квоти за украинските земјоделски производи за уште една година, но ЕК може да иницира итна кочница за особено чувствителните земјоделски производи од ЕУ
ЕП го поддржа продолжувањето на трговијата со Украина без царини и квоти
За Молдавија, парламентот неодамна одлучи да ги продолжи сличните мерки за уште една година / Photo: Reuters / Reuters
23 април 2024

Европскиот парламент во вторникот го поддржа продолжувањето на привремените мерки за либерализација на трговијата за Украина, истовремено заштитувајќи ги земјоделците од ЕУ, објави Европскиот парламент.

„ЗА гласаа 428 европратеници, ПРОТИВ 131 и 44 беа воздржани за продолжување на суспензијата на увозните тарифи и квоти за украинските земјоделски производи за уште една година, до 5 јуни 2025 година, за поддршка на земјата во услови на брутална агресивна војна на Русија која продолжува“, се вели во соопштението на ЕП,

Според новата регулатива, Комисијата може да преземе брза акција и да наметне какви било мерки што смета дека се неопходни доколку има значително нарушување на пазарот на ЕУ или на пазарите на една или повеќе земји-членки на ЕУ поради украинскиот увоз на на пр. пченица.

Како дел од засилените заштитни мерки за заштита на земјоделците во ЕУ, Комисијата може да иницира итна кочница за особено чувствителните земјоделски производи- живината, јајцата, шеќерот, овесот, житарките, пченката и медот.

Доколку увозот на овие производи го надмине просечниот обем на увоз забележан во втората половина на 2021 година и цела 2022 и 2023 година, царинските давачки може повторно да се воведат.

Како дел од договорот за овие нови правила, Комисијата се обврза наскоро да започне разговори со Украина за трајна либерализација на трговијата и дека Парламентот ќе биде тесно вклучен во процесот, објави Европскиот парламент.

Советот на ЕУ сега ќе треба официјално да ја одобри регулативата. Сегашните трговски мерки истекуваат на 5 јуни 2024 година, а новата регулатива треба да стапи во сила веднаш по тој датум Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина, кој ги вклучува и длабоката и сеопфатната Зона на слободна трговија, гарантира дека украинските компании имаат повластен пристап до пазарот на ЕУ од 2016 година.

Откако Русија ја започна својата агресивна војна, ЕУ воведе автономни трговски мерки во јуни 2022 година, кои овозможуваат бесцарински пристап за сите украински производи во ЕУ.

Овие мерки беа продолжени за една година во 2023 година, а во јануари Европската комисија предложи продолжување на суспензијата за уште една година со дополнителни заштитни мерки за заштита на пазарот на ЕУ. Во текот на преговорите, Советот и Парламентот додадоа повеќе мерки за заштита на земјоделците во ЕУ.

За Молдавија, парламентот неодамна одлучи да ги продолжи сличните мерки за уште една година.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп се пошегува дека Венецуела би можела да стане 51-та држава на САД
Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени ја погоди Куба
Челниците на Иран тврдат дека добиваат моментум во војната со САД и Израел
Американската амбасада во Багдад нападната со дрон
Саудиска Арабија: Соборени над 20 дронови лансирани од Иран
Трамп верува дека Израел нема да употреби нуклеарно оружје против Иран
Проценките за „порозниот“ Ормуз ги намали цените на нафтата под 102 долари за барел
Грција одобри купување на систем за воздушна одбрана и надградби на авионите Ф-16
Tуркије ја осудува израелската копнена инвазија во Либан
Бензините поскапуваат за 7 денари, дизелот за 6,5 денари за литар
САД дозволуваат иранските танкери да минуваат низ Ормускиот теснец
Муцунски - Хоџа: Подготвеност за унапредување на билатералните односи
Мицкоски: Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа
Симболична инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ во Кочани
Коноли предупредува против „нормализација на војната“ поради тензиите на Блискиот Исток