| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Косово: Затворени гласачките места, се очекуваат првичните резултати
Прелиминарните резултати од изборниот процес се очекува да бидат јавно објавени околу полноќ
Косово: Затворени гласачките места, се очекуваат првичните резултати
Затворени гласачките места на парламентарните избори во Косово / Photo: AA / AA
9 февруари 2025

Со затворање на избирачките места во 19 часот, заврши и гласањето на парламентарните избори во Косово.

Според последните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК), до 15 часот своето право на глас го искористиле 28,32 отсто или 558.246 од вкупно регистрираните 1.970.944 гласачи.

Вкупниот број на косовски граѓани со право на глас изнесува 2.075.868 гласачи, од кои денеска во границите на Косово, од 7 до 19 часот, имаа можност да гласаат 1.970.944 гласачи.

Во однос на гласањето надвор од Косово, право на глас имаа 104.924 граѓани кои живеат во дијаспората, кои имаа можност да го остварат ова право од 9 јануари до 8 февруари.

Косовските гласачи можеа да гласаат во 941 гласачки центар низ земјата. Вкупно 28 изборни листи со вкупно 1.280 кандидати заверени од Централната изборна комисија (ЦИК) беа дел од изборната трка за 120 пратенички места во косовскиот Парламент . Меѓу 28-те изборни листи, 20 беа политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.

Бројот на набљудувачи во овој изборен процес изнесува над 18 илјади. Процесот го следеа и над 100 набљудувачи на Европската Унија, од 18 различни земји на ЕУ, на покана на косовската претседателка Вјоса Османи.

Редовните парламентарни избори во Косово се одржаа за прв пат од 2007 година. Во меѓувреме петпати се одржаа предвремени избори.

Прелиминарните резултати од изборниот процес се очекува да бидат јавно објавени околу полноќ.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израел започна ограничени копнени операции против Хезболах во јужен Либан
Иран тврди дека американско-израелски воздушен напад бил цел на училиште во Хомеин
Каја Калас: Ублажувањето на санкциите кон Русија од страна на САД претставува опасен преседан
Туркије повтори дека не ја признава „де факто ситуацијата во Крим“
Трамп: Во моментов преговараме со седум земји за обезбедување на Ормускиот Теснец
Во Битола комеморативна церемонија по повод годишнината од дипломирањето на Ататурк во
Вучиќ: Србија ќе продолжи со продажба на оружје на Израел
Ердоган: Туркије влегува во нова ера со проактивен пристап
Разговори на министерот Фидан со колегите од Азербејџан и Катар за регионалните случувања
Може ли меѓународното право да се спроведе врз Израел- 40 држави се собраа во Хаг за да се обидат
Од Армагедон до Амалек: Како религиозната реторика повторно се појавува во иранската војна
Советот за безбедност на ОН: Наследство на неактивност во услови на бескрајни војни
Гутереш ги повика Израел и Хезболах да постигнат договор и да ги прекинат борбите
Водата под оган: Војната во Заливот ги нагласува растечките закани за виталната инфраструктура
Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран