| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Израел и Боливија ги обновија дипломатските односи по две години прекин поради војната во Газа
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар и неговиот боливиски колега Фернандо Арамајо вчера во Вашингтон потпишаа заедничка декларација со која формално се воспоставуваат дипломатски односи меѓу двете земји
Израел и Боливија ги обновија дипломатските односи по две години прекин поради војната во Газа
Израел и Боливија ги обновија дипломатските односи по две години прекин поради војната во Газа / AA
10 декември 2025

Израел и Боливија ги обновија дипломатските односи по двегодишен прекин предизвикан од војната во Газа, соопшти денес израелското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

Саар изјави дека наскоро ќе бидат назначени и амбасадори.

Минатата недела Боливија го укина визниот режим за американски и израелски државјани, чекор што дополнително ја означи нормализацијата на односите.

Последните потези следуваат по доаѓањето на власт на централно десничарскиот претседател Родриго Паз во ноември, со што заврши речиси две децении левичарска владејачка политика во земјата.

Боливија ги прекина дипломатските односи со Тел Авив во 2009 година како реакција на израелските воени операции во Газа во периодот 2008-2009 година.

Односите накратко беа обновени во 2019 година, но повторно беа суспендирани во 2023 година поради израелските воени дејства во Појасот Газа.​​​​​​​ Неколку латиноамерикански држави, меѓу кои Колумбија, Бразил, Чиле, Куба, Белизе и Никарагва, во различен степен ги прекинаа дипломатските, економските или воените односи со Израел во знак на протест поради неговата офанзива во Газа.

Од октомври 2023 година израелската армија уби повеќе од 70.000 луѓе во Газа, најмногу жени и деца, а над 171.000 беа повредени во нападите што ја оставија енклавата во урнатини.

Повеќе
Немало разузнавачки информации дека Иран прв ќе нападне, му соопштил Пентагон на Конгресот
Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран за време на воздушните напади
Трамп: Нападите врз Иран би можеле да траат четири недели или помалку
„Ер Франс“ ги продолжува суспензиите на летовите кон Блискиот Исток до вторник
Кувајтско министерство за одбрана: Се урнале неколку американски воени авиони
Израелската армија врши рација во бегалски камп на Западниот Брег, евакуира домови за воена употреба
Ердоган со интензивна дипломатска мисија околу тензиите поврзани со Иран
Аракчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната
Иран испали балистички ракети кон Израел, 9 мртви во Беит Шемеш, 12 убиени низ целата земја
Најмалку 31 лице загина во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Претседателот на Иран објави дека иранските сили ќе продолжат да ги напаѓаат непријателските бази
ЦЕНТКОМ: Тројца американски војници загинаа, петмина тешко ранети во операцијата против Иран
Израелската армија започна нов бран напади врз иранскиот главен град