Американските членови на Конгресот се пожалија дека Министерството за правда има увид во пристапот на пратениците до отворените и пребаруваните документи од неодамна објавените фајлови на Епстин кои се поставени на веб страната на владиното тело.
„Успеав да влезам во системот и нема да откривам како или начинот на кој пристапив, но потврдив дека Министерството за правда ги ОЗНАЧУВА СИТЕ ДОКУМЕНТИ кои членовите на Конгресот ги пребаруваат, отвораат и прегледуваат“, напиша Ненси Мејс пратеничка од редовите на републиканците која ја претставува сојузната држава Јужна Каролина.
Министерството објави повеќе од 3 милиони страници, 2.000 видеа и 180.000 слики минатиот месец според Законот за транспарентност на досиејата на Епстин, кој беше изгласан во ноември минатата година.
Досиејата ги вклучуваат имињата на бројни познати личности, вклучувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп, секретарот за финансии на САД, Хауард Лутник, поранешниот британски принц Ендру, поранешниот американски претседател Бил Клинтон, поранешниот израелски премиер Ехуд Барак, Мајкл Џексон, Илон Маск и поранешниот извршен директор на „Мајкрософт“, Бил Гејтс. Споменувањето во досиејата не мора да значи дека дотичните личности знаеле или биле поврзани со Епстин.
Епштајн беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во Њујорк во 2019 година, додека чекаше судење за обвинение за трговија со луѓе. Тој се изјасни за виновен на суд во државата Флорида и беше осуден за набавување малолетничка за проституција во 2008 година, но критичарите ја нарекуваат оваа пресуда „договорена“.
Неговите жртви тврдат дека тој управувал со широко распространета мрежа за трговија со луѓе што ја користеле членови на богатата и политичката елита.











