| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Републикански конгресмен поднесе предлог закон за повлекување на САД од НАТО
Предлог-законот посочува дека НАТО е „реликвија од Студената војна“, бидејќи е формиран за да се спротивстави на СССР, кој се распадна пред повеќе од 30 години, а учеството на САД во Алијансата ги чинело американските даночни обврзници билиони долари
Републикански конгресмен поднесе предлог закон за повлекување на САД од НАТО
САД не треба да бидат заштитник на светот, особено кога богатите земји одбиваат да плаќаат за сопствената одбрана, истакна конгерсменот Маси / Reuters
10 декември 2025

Републиканскиот конгресмен Томас Маси поднесе предлог-закон во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со кој се бара повлекување на земјата од Северноатлантската алијанса (НАТО), соопшти неговиот кабинет. Иницијативата е наречена „Закон за недоверливата организација“.

Предлог-законот посочува дека НАТО е „реликвија од Студената војна“, бидејќи е формиран за да се спротивстави на СССР, кој се распадна пред повеќе од 30 години. Оттогаш, учеството на САД во Алијансата ги чинело американските даночни обврзници билиони долари, се наведува во текстот.

„Нашиот Устав не го санкционираше континуираното учество во странски конфликти; нашите татковци-основачи предупредуваа против тоа. Америка не треба да биде заштитник на светот, особено кога богатите земји одбиваат да плаќаат за сопствената одбрана“, истакна Маси.

Ако предлог-законот биде усвоен, американскиот претседател ќе биде обврзан во рок од 30 дена да го извести НАТО за повлекувањето на земјата. Тој, исто така, би забранил користење на средствата на американските даночни обврзници за финансирање на буџетите на Алијансата.

Сопартиецот на Маси, сенаторот од Јута, Мајк Ли, го поднесе соодветниот предлог-закон во Сенатот на САД.

Претседателот на САД Доналд Трамп во повеќе наврати се закани дека ќе ја повлече земјата од НАТО, критикувајќи ги сојузниците во блокот за недоволно трошење на одбраната. По неговите критики, земјите-членки на Алијансата се обврзаа да ги зголемат трошоците за одбрана до 5 отсто од БДП до 2035 година.

За време на администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, Конгресот одобри предлог-закон со кој се забранува на кој било претседател на САД да ја повлече земјата од НАТО. Сепак, како што објави „Политико“, Трамп би можел да се обиде да ја заобиколи таа забрана користејќи ги своите претседателски овластувања во надворешната политика.

Новиот документ за Националната безбедносна стратегија на САД, објавен минатата недела, ги изложи приоритетите на надворешната и безбедносната политика на администрацијата на Трамп. Тој се фокусираше на Индо-пацифичкиот регион, отфрлајќи ја карактеризацијата на Русија од страна на европските влади како егзистенцијална закана.

Документот од 33 страници, исто така, содржеше контроверзни забелешки за Европа, предупредувајќи за економскиот пад на континентот и реалната и сериозна перспектива за цивилизациско уништување во следните 20 години. Исто така, го критикуваше ставот што го зазедоа европските влади против скептичните, крајнодесничарските и антиимиграциските движења кон Европската Унија.

Повеќе
Немало разузнавачки информации дека Иран прв ќе нападне, му соопштил Пентагон на Конгресот
Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран за време на воздушните напади
Трамп: Нападите врз Иран би можеле да траат четири недели или помалку
„Ер Франс“ ги продолжува суспензиите на летовите кон Блискиот Исток до вторник
Кувајтско министерство за одбрана: Се урнале неколку американски воени авиони
Израелската армија врши рација во бегалски камп на Западниот Брег, евакуира домови за воена употреба
Ердоган со интензивна дипломатска мисија околу тензиите поврзани со Иран
Аракчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната
Иран испали балистички ракети кон Израел, 9 мртви во Беит Шемеш, 12 убиени низ целата земја
Најмалку 31 лице загина во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Претседателот на Иран објави дека иранските сили ќе продолжат да ги напаѓаат непријателските бази
ЦЕНТКОМ: Тројца американски војници загинаа, петмина тешко ранети во операцијата против Иран
Израелската армија започна нов бран напади врз иранскиот главен град