| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
ЕУ целосно ќе го запре увозот на руски гас до 2027 година
Новата регулатива утврдува правно обврзувачка, постепена забрана на увозот на руски течен природен гас (ЛНГ) и гас преку гасовод, со целосна забрана на ЛНГ од крајот на 2026 година и на гасоводниот гас од есента 2027 година
ЕУ целосно ќе го запре увозот на руски гас до 2027 година
ЕУ целосно ќе го запре увозот на руски гас до 2027 година / Reuters
3 декември 2025

Европскиот совет и Европскиот парламент денес постигнаа привремен договор со кој ќе се запре увозот на руски природен гас до 2027 година, јавува Анадолу.

Според соопштението на Советот, новата регулатива утврдува правно обврзувачка, постепена забрана на увозот на руски течен природен гас (ЛНГ) и гас преку гасовод, со целосна забрана на ЛНГ од крајот на 2026 година и на гасоводниот гас од есента 2027 година.

Договорот има цел создавање „отпорен“ и „независен“ енергетски пазар во ЕУ.

„Козаконодавците потврдија дека увозот на руски гас и течен природен гас ќе биде забранет шест недели по стапувањето на сила на регулативата додека трае преодниот период за постојните договори“, се вели понатаму во соопштението.

Според регулативата, сите земји членки ќе мора да достават национални планови за диверзификација, во кои ќе објаснат како ќе обезбедат нови извори на гас и со какви предизвици се соочуваат, со цел навреме да се прекинат сите увози од Русија.

Договорот ја зајакнува и надлежноста на Европската комисија – секоја земја членка ќе треба да ја извести Комисијата во рок од еден месец од стапувањето на сила на регулативата дали има активни договори за снабдување со руски гас или постојни национални забрани.

Советот и Парламентот ја задржаа и „клаузулата за суспензија“, која дозволува привремено запирање на примената на регулативата доколку ненадејни настани ја загрозат енергетската снабденост на една или повеќе земји членки.

Правилата за тоа кога Комисијата може да ја укине забраната за увоз се заострени – таа ќе може да интервенира само во строго неопходни случаи, при прогласена енергетска вонредна состојба во земја членка и тоа за краток период и за краткорочни договори за снабдување.

Привремениот договор треба да добие формално одобрување од Советот и Парламентот пред да стапи на сила.

Повеќе
Иран го затвори Ормускиот теснец и се закани со напади врз бродовите
Вашингтон ги повика Американците веднаш да го напуштат Блискиот Исток
Ирански дронови ја погодија амбасадата на САД во Ријад
Холандската партија Денк го обновува законот против дискриминација при вработување
Израел започна со големи воздушни напади врз Техеран и Бејрут
Двајца припадници на Департманот за војна на САД повредени во Бахреин
Челик: Нападот врз Иран е неправеден и спротивен на меѓународното право
Цените на гасот во Европа скокнаа за 48% поради нападите на Блискиот Исток
Експлозија во близина на нуклеарниот погон Исфахан во Иран
Путин разговараше со арапските лидери за нападите врз Иран - Дијалог и смирување на тензиите
Ердоган и Мерц разговараа за американско-израелските напади врз Иран
Кина ги обвини САД за ескалација на сајбер тензиите
Возачите на камиони од Босна и Херцеговина најавуваат блокади на граничните премини од 12 март
Затворена најголемата рафинерија во Саудиска Арабија по напад на ирански дронови
Зеленски: Украина е подготвена да ги отвори сите преговарачки кластери со ЕУ за неколку дена