| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Димитриеска-Кочоска во Истанбул: Влегуваме во нова фаза на економска трансформација
Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска во своето воведно обраќање на отворањето на Истанбулскиот економски Самит 2025, го истакна развојот на човечки капитал и дигитализацијата како основа на новата економија.
Димитриеска-Кочоска во Истанбул: Влегуваме во нова фаза на економска трансформација
Димитриеска-Кочоска во Истанбул: Влегуваме во нова фаза на економска трансформација / TRT Balkan
12 декември 2025

Македонија влегува во нова фаза на економска трансформација, со јасен фокус на инвестиции, дигитализација и фискална стабилност, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето воведно обраќање на отворањето на Истанбулскиот економски Самит 2025, кој се одржува под мотото „Нова рамнотежа и глобална соработка“.

Настанот, како што информираат од Министерството за финансии, ги собра носителите на економските политики, меѓународните финансиски институции, претставници од академската заедница и бизнис секторот од регионот и Европа, со цел да се разгледаат клучните прашања поврзани со глобалните економски промени, неопходните реформи и градењето на нови партнерства во свет исполнет со динамични предизвици.

Во своето обраќање министерката нагласи дека современите економии се соочуваат со силни притисоци, од геополитички ризици, до енергетски и технолошки шокови, поради што државите мора активно да работат на креирање адаптивни и отпорни системи.

„Светот не е ист. Геополитичките ризици, енергетските предизвици и економските шокови создадоа нова светска архитектура. Денес, глобалните економски и политички односи се движат со невидена динамика“, истакна Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека токму затоа државите, особено оние во развој, мора да дејствуваат проактивно.

Таа потенцира дека земјата веќе гради економија заснована на фискална дисциплина, предвидливост и модернизација, обезбедувајќи подобри услови за приватниот сектор и инвеститорите.

Со тековните реформи во јавните финансии, посочи, приоритет е зајакнување на буџетската одржливост, повеќе средства за продуктивни инвестиции, зголемена транспарентност и ефикасност во трошењето на јавните ресурси.

„Додаде дека Владата работи на дигитални јавни услуги, подобрување на финансиската инфраструктура и интеграција на домашните компании во меѓународните пазари, истовремено поттикнувајќи ги младите да останат и да градат кариера во земјата.

„Новата глобална соработка не е само предизвик – таа е можност. Македонија е подготвена да биде дел од овие процеси – со нови инвестиции, реформи, партнерства и со јасна визија за иднината“, порача министерката, нагласувајќи дека државата избира да биде активен учесник во креирање економски решенија, а не пасивен набљудувач.

Фокусот на Истанбулскиот економски Самит 2025 е насочен кон економски политики за одржлив раст, јакнење на економската соработка меѓу државите и развој на нови партнерства.

Самитот ќе отвори дискусија за глобалната економија, одржливиот развој и зелената економија, енергетиката и финансиите, дигиталната трансформација, како и улогата на образованието за привлекување странски инвестиции.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Немало разузнавачки информации дека Иран прв ќе нападне, му соопштил Пентагон на Конгресот
Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран за време на воздушните напади
Трамп: Нападите врз Иран би можеле да траат четири недели или помалку
„Ер Франс“ ги продолжува суспензиите на летовите кон Блискиот Исток до вторник
Кувајтско министерство за одбрана: Се урнале неколку американски воени авиони
Израелската армија врши рација во бегалски камп на Западниот Брег, евакуира домови за воена употреба
Ердоган со интензивна дипломатска мисија околу тензиите поврзани со Иран
Аракчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната
Иран испали балистички ракети кон Израел, 9 мртви во Беит Шемеш, 12 убиени низ целата земја
Најмалку 31 лице загина во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Претседателот на Иран објави дека иранските сили ќе продолжат да ги напаѓаат непријателските бази
ЦЕНТКОМ: Тројца американски војници загинаа, петмина тешко ранети во операцијата против Иран
Израелската армија започна нов бран напади врз иранскиот главен град