| Macedonian
РЕГИОН
4 мин читање
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Одбраната на Ратко Димитровски, Николчо Илиев и Љупчо Папазов тврди дека нивните клиенти немаат вина за трагедијата бидејќи локалната самоуправа нема надлежност над дискотеката
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Поранешниот градоначалник Димитровски рече дека бил единствениот кој пред 13 години рекол дека не треба да се издава лиценца за работа на објектот / AA
4 декември 2025

Поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски, Николчо Илиев и Љупчо Папазов, ја негираа вината за пожарот во дискотеката Пулс на денешното продолжение на судскиот процес за трагедијата во која загинаа 63 лица.

Одбраната на тројцата градоначалници тврди дека нивните клиенти немаат вина бидејќи локалната самоуправа нема надлежност над дискотеката, а Ратко Димитровски рече дека уште во 2012 година ги алармирал државните органи побарал да не се издава дозвола за работа на објектот.

Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, кој е еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“, бил единствениот кој пред 13 години дека не треба да се издава лиценца за работа на објектот.

„И покрај изричното барање да не се дава дозвола за ноќен клуб или дискотека, одговор немаше. Повторно причината е дека се мешам во државната власт. Кога државен орган одобрува, градоначалникот нема ингеренции, не може да биде над оној што е над него“, рече Димитровски.

Тој објасни дека според сознанијата што ги имал, инвеститорот имал намера да отвори дискотека, а паркингот што го бара пред објектот е јавен паркинг наменет за лесни и тешки возила. Објектот, исто така, бил наменет за лесна дрвна индустрија.

„Да било во моја надлежност, со сигурност ќе кажам дека совесно сум реагирал повеќе пати дека не треба да се издава лиценца. Со ваквото постапување на обвинителството излегува дека јас требало да постапувам надвор од моите законски надлежности, да постапувам наместо МВР, Државниот пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот градежен инспекторат. Зошто на градежните инспектори не ни било укажано од Државниот градежен инспекторат. Како можеше да се исконструира вакво обвинение“, рече ексградоначалникот во својот воведен говор.

Неговата бранителка Ангела Соколова претходно во воведните зборови го критикуваше обвинението, за кое рече дека не може да даде никаква причинско-последична поврзаност на дејствата на нејзиниот клиент со трагичниот настан.

Бранителот на на Николче Илиев, адвокатот Синиша Станковиќ, рече дека од она што како теорија го дава Обвинителството е невозможно да се утврди врз основа на кои докази се темели обвинението.

„На ваков начин наместо Обвинителството да ја докажува вината на Николчо Илиев, тој е принуден да ја докажува својата невиност“, рече Станковиќ.

Тој посочи дека неговиот клиент се товари за настан што се случил четири години по завршувањето на неговиот мандат (од 2017 до 2021 година). Додека бил градоначалник, пак, како што кажа неговиот бранител, никогаш не дошол во контакт со документи за објектот и никој никогаш не го известил за кабарето.

Адвокатот Миле Лефков, бранителот на поранешниот градоначалникот на Кочани во чиј мандат се случи трагедијата, Љупчо Папазов, го оцени обвинението како правно монтиран случај што треба да ги задоволи апетитите на дел од јавноста.

Според него, Папазов е обвинет само затоа што во одреден период ја извршувал функцијата градоначалник.

„Правдата е универзална и неселективна, правдата е за секого и му припаѓа секому. Преку овој предмет му се суди на целиот систем, но одговорноста треба да биде индивидуална. Обвинетиот Папазов не презел никакви дејствија за предизвикување на пожарот. Обврската била кај надлежните органи. Тој зависел од надлежните државни и општински институции бидејќи градоначалничката функција е организациска, а не стручно-инспекциска”, рече адвокатот Лефков.

Одбраната на обезбедувачите, вклучувајќи го и Лазар Захариев од агенцијата „Рубикон“, го претстави својот клиент како херој кој спасил над 70 луѓе, иако самиот претрпел повреди.

Тие тврдат дека немало писмен договор за физичко обезбедување и дека Захариев не бил одговорен за безбедносниот систем ниту за спречување на внесување пиротехнички средства.

Адвокатите на обвинетите Огнен Ѓеорѓиев, Љупчо Стаменков и Николчо Гоцев, рекоа дека како овластени општински градежни инспектори во Кочани не можеле да вршат контроли во Пулс бидејќи за тоа никогаш не добиле налог од општината, како и поради законските ограничувања во делот на нивните овластувања.

Повеќе
Бројот на жртви во пожарот во трговски во Пакистан се искачи на 67
Трамп: Ќе дојде ли НАТО да ја брани јужната граница на САД
Туркије: Во Сирија уништени тунели во должина од 752 километри
Трамп: Се работи на договорот за Гренланд, тој ќе биде исклучително добар за САД
Ердоган му рекол на Пезешкијан дека Туркије се спротивставува на странска интервенција во Иран
Трамп ја потпиша повелбата на Одборот за мир
Четири нови е-услуги од ФЗОМ достапни за граѓаните и компаниите преку uslugi.gov.mk
Трамп: Имавме многу добар состанок со Зеленски за крај на војната
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе биде отворен во двата правца
Стаб: Русија не победува на военото поле во Украина
Словенија се воздржува од приклучување кон мировниот одбор за Газа, поддржан од САД
НАТО: Руте не даде никакви компромиси за суверенитетот на Гренланд
Виткоф: Преговорите за решение на украинската војна се при крај
Привремената претседателка на Венецуела ќе ги посети Соединетите Американски Држави
Трамп ќе ја објави и потпипше Повелбата на Комитетот за мир