| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Туркије евакуираше патници од брод на Глобалната флотила Сумуд откако почнал да се полни со вода
Бродот „Џони М“, дел од Глобалната флотила Сумуд што носи хуманитарна помош за Газа, почнал да се полни со вода во Средоземното Море утринава и издал повик за помош, поради што Туркије мораше да координира безбедна евакуација на патниците
Туркије евакуираше патници од брод на Глобалната флотила Сумуд откако почнал да се полни со вода
Од Сумуд се заблагодија на турската Влада и Црвената полумесечина за безбедното враќање на учесниците и доставувањето хуманитарна помош до флотата / AA
29 септември 2025

Бродот „Џони М“, дел од Глобалната флотила Сумуд што носи хуманитарна помош за Газа, почнал да се полни со вода во Средоземното Море утринава и издал повик за помош, поради што Туркије мораше да координира безбедна евакуација на патниците.

Бродот, кој се наоѓа во регионот на Медитеранот помеѓу Крит, островот Кипар и Египет, пратил повик за помош во утринските часови.

Капетанот на бродот известил преку радио дека моторниот простор се полни со вода.

Патниците на бродот доаѓаа од различни земји, меѓу кои Луксембург, Франција, Финска, Мексико и Малезија. Поради опасноста со која се соочувале патниците, турската Црвена полумесечина и други власти ја мобилизираа и координираа евакуацијата.

Во соопштението на Глобалната флотила Сумуд објавено на Инстаграм беше нагласено дека операцијата се одвивала непречено благодарение на брзата координација од страна на турската Влада и придонесите на терен од турската Црвена полумесечина.

Oд флотилата изразија благодарност до турската Влада и турската Црвена полумесечина за клучната улога и во осигурувањето безбедно враќање на учесниците и во доставувањето хуманитарна помош до флотата.

Во соопштението, исто така, се наведува дека не се очекува значително одложување во целокупниот тек на операцијата, а се планира флотата да стигне до својата дестинација во рок од четири дена.

Семих Фенер, капетан на бродот „Алма“, еден од бродовите што помогнал во евакуацијата, за агенцијата Анадолу изјави:

„Џони М не е потонат брод, има само техничка неисправност. Евакуиравме 12 лица и ги распоредивме на други бродови. Четворица од нив ќе заминат дома.“

Информирајќи дека четири лица ќе се вратат во матичните земји преку Туркије, капетанот Фенер додаде:

„Овие лица им се благодарни на Турците и на турската Црвена полумесечина за процесот на евакуација.“

Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина