| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Ердоган: Туркије се приближува до целта за трговска размена со Унгарија од 6 милијарди долари
Претседателот на Туркије и премиерот на Унгарија Виктор Орбан одржаа зедничка прес – конференција во Истанбул. Орбан е во посета на Туркије поради седмиот состанок на Советот за стратепка соработка меѓу Туркије и Унгарија
Ердоган: Туркије се приближува до целта за трговска размена со Унгарија од 6 милијарди долари
Turkey's President Tayyip Erdogan meets with Hungarian Prime Minister Viktor Orban in Istanbul / Reuters
8 декември 2025

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека неговата земја е блиску до достигнување на целта од 6 милијарди долари трговск размена, договорена претходно со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со Орбан во Истанбул, Ердоган рече дека разговарале за ажурирање на нивната цел за обем на трговија од 10 милијарди долари, земајќи го предвид силниот потенцијал меѓу двете страни.

„Спроведовме 28 заеднички акции, доделивме ресурси за заеднички проекти“ во 2025 година, која беше прогласена за Година на наука и иновации меѓу Туркије и Унгарија, додаде Ердоган.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан  ја пофали регионалната улога на Туркије и дипломатските напори на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, велејќи дека турскиот свет се појавува како динамична и зајакнувачка сила.

Зборувајќи заедно со турскиот претседател на прес-конференција во Истанбул, Орбан рече дека Ердоган му рекол дека доаѓа поинаков свет и дека туркискиот свет ќе собере голема енергија и дека забележал голема визија зад концептот на „туркиски век“.

Унгарскиот премиер, исто така рече дека ги цени напорите на Туркије за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина, опишувајќи го Ердоган како „единствениот успешен посредник“ во процесот.

Прес-конференцијата се одржа по состанокот на лидерите. Орбан е во посета на Туркије за да присуствува на 7-миот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво меѓу Туркије и Унгарија.

Повеќе
Бројот на жртви во пожарот во трговски во Пакистан се искачи на 67
Трамп: Ќе дојде ли НАТО да ја брани јужната граница на САД
Туркије: Во Сирија уништени тунели во должина од 752 километри
Трамп: Се работи на договорот за Гренланд, тој ќе биде исклучително добар за САД
Ердоган му рекол на Пезешкијан дека Туркије се спротивставува на странска интервенција во Иран
Трамп ја потпиша повелбата на Одборот за мир
Четири нови е-услуги од ФЗОМ достапни за граѓаните и компаниите преку uslugi.gov.mk
Трамп: Имавме многу добар состанок со Зеленски за крај на војната
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе биде отворен во двата правца
Стаб: Русија не победува на военото поле во Украина
Словенија се воздржува од приклучување кон мировниот одбор за Газа, поддржан од САД
НАТО: Руте не даде никакви компромиси за суверенитетот на Гренланд
Виткоф: Преговорите за решение на украинската војна се при крај
Привремената претседателка на Венецуела ќе ги посети Соединетите Американски Држави
Трамп ќе ја објави и потпипше Повелбата на Комитетот за мир