| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
„Денес дојдовме тука да побараме да донесете одлука минималната плата да не биде помала од 500 евра и сите други плати да се зголемат за 100 евра...“
00:00
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Сојузот на синдикати на Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра / AA
2 април 2025

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес излезе на улиците на Скопје за да го изрази својот револт откако минатата недела Владата одобри зголемување на минималната плата за 1.800 денари, износ што за ССМ е незадоволителен и, според него, е и незаконски бидејќи минималната плата во земјава не треба да биде помала од 500 евра.

Протестот започна напладне пред Работнички дом, каде што членовите на раководството на ССМ ја отворија јавната седница на улица. Потоа се упатија кон законодавниот дом каде што пратија порака до пратениците да донесат одлука за зголемување на минималната плата на 500 евра, а потоа кон Стопанската комора, па до Владата.

Во својот говор пред присутните лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов, рече дека неодамнешното зголемување на платите на државните функционери за 79 отсто, вклучително и за пратениците, не е заслужено.

Тој на јавната седница одржана пред Собранието рече дека органите на ССМ, градските синдикати и поборниците за работнички права едногласно донеле одлука пратениците да ги намалат платите на минималец сѐ додека минималната плата за работниците во земјава не се зголеми според нивните барања.

„Денес дојдовме тука да побараме да донесете одлука минималната плата да не биде помала од 500 евра и сите други плати да се зголемат за 100 евра. Денес дојдовме тука ние што одлучуваме во синдикатите бидејќи платите се мизерни“, рече Трендафилов.

Јавната седница ја продолжија пред Стопанската комора и Владата од каде што порачаа дека не може да се донесуваат одлуки за работниците без учество на работниците во одлуките. Според нив, Владата треба да ја укине „незаконската одлука“ за утврдување минимална плата и да воспостави нова методологија за утврдување на платите во интерес на работниците.

Владата одлучи минималната плата да се зголеми за 1.800 денари и да изнесува 24.379 денари. Претходно синдикатите излегоа со предлог минималната плата да се утврди во согласност со законот за зголемување, според нив, за дополнителни 6.000 денари.

Претходно министерот за економија и труд Бесар Дурмиши изјави дека одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари е донесена во согласност со законот.

Повеќе
Ирански дронови ја погодија амбасадата на САД во Ријад
Холандската партија Денк го обновува законот против дискриминација при вработување
Израел започна со големи воздушни напади врз Техеран и Бејрут
Двајца припадници на Департманот за војна на САД повредени во Бахреин
Челик: Нападот врз Иран е неправеден и спротивен на меѓународното право
Цените на гасот во Европа скокнаа за 48% поради нападите на Блискиот Исток
Експлозија во близина на нуклеарниот погон Исфахан во Иран
Путин разговараше со арапските лидери за нападите врз Иран - Дијалог и смирување на тензиите
Ердоган и Мерц разговараа за американско-израелските напади врз Иран
Кина ги обвини САД за ескалација на сајбер тензиите
Возачите на камиони од Босна и Херцеговина најавуваат блокади на граничните премини од 12 март
Затворена најголемата рафинерија во Саудиска Арабија по напад на ирански дронови
Зеленски: Украина е подготвена да ги отвори сите преговарачки кластери со ЕУ за неколку дена
Либанскиот премиер најави забрана за воените активности на Хезболах
Три американски авиони Ф-15Е по грешка соборени од кувајтската воздушна одбрана