| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Босанските транспортери ја блокираа границата на БиХ и Хрватска
Камионџиите истакнуваат дека се принудени да блокираат поради дискриминаторските правила што го ограничуваат нивниот престој во ЕУ, иако ги имаат сите потребни дозволи и лиценци, а од домашните власти бараат и укинување на акцизите за горивата
Босанските транспортери ја блокираа границата на БиХ и Хрватска
Конзорциумот Логистика БиХ се соочи со забрани од полицијата на Република Српска и Унско-санскиот и Западна-херцеговскиот кантон во Федерацијата БиХ. / AA
23 март 2026

Стотици камиони го блокираа граничниот премин Свилај во Босна и Херцеговина, формирајќи километри долги редици, откако транспортерите протестираа против правилата на ЕУ со кои се ограничува нивниот престој во Шенген зоната на 90 дена. Патничкиот сообраќај продолжува непречено, додека камионите се паркирани на патот.

Блокадите на граничните премини се забранети во ентитетот Република Српска, Западнo-херцеговскиот и Унско-Санскиот кантон, но такви мерки не се преземени во Посавскиот кантон.

Министерството за внатрешни работи на РС се осврна на одлуката на владата на ентитетот донесена во недела навечер.

„Нема да дозволиме најавената блокада на границите и протестот на транспортерите на товарни моторни возила да го загрозат нормалниот тек на сообраќајот и непречениот транспорт на стоки и услуги“, се наведува во полициското соопштение.

Транспортерите предупредуваат дека БиХ може да се најде во ситуација каде што увозот и извозот на стоки се сериозно загрозени, а синџирите на снабдување се ставени во опасност, освен ако итно не се започнат директни разговори со институциите на Европската унија и соседните земји.

Борјана Кришто, претседателка на Советот на министри на БиХ, претходно им предложи на шефовите на влади на Западен Балкан да покренат заедничка иницијатива кон ЕУ со цел координирање на решавањето на проблемите во меѓународниот патен транспортен сектор во регионот.

Транспортерите велат дека веќе подолго време се соочуваат со проблеми на границите на ЕУ поради примената на регулативата што пропишува престој од 90 дена во период од 180 дена.

Кон крајот на јануари, претставници на транспортерите од регионот на Западен Балкан протестираа на границите на ЕУ за да го изразат своето незадоволство од правилото, но тоа не доведе до никакви промени во европските регулативи.

Транспортерите бараат укинување на акцизите за горивата од домашните власти, враќање на ДДВ за меѓународен транспорт и спроведување на претходно договорени мерки од Управата за индиректно оданочување за забрзување на процедурите и намалување на времето на чекање на границите.

Тие истакнуваат дека се принудени да блокираат поради, како што велат, дискриминаторски правила што го ограничуваат нивниот престој во ЕУ, иако ги имаат сите потребни дозволи и лиценци и се само во транзит во ЕУ.

Повеќе
Палестинската министерка за надворешни работи: Геноцидот на Израел врз жителите на Газа не е запрен
Хезболах бара запирање на израелските операции во согласност со договорот за прекин на огнот
Тајани: Кина да ја поттикне Русија да ја заврши војната во Украина
Барак: Сирија е квантен дипломатски потег што никој не го очекуваше
Србија го потврдува патот кон ЕУ и неутралноста на Форумот за дипломатија во Анталија
Сиљановска-Давкова: Балканот отсекогаш бил историски, географски и културно дел од Европа
Во копродукција на ТРТ филмот „Мирисот на минатото“ брои денови до премиерата
Макрон: Со воени дејствија ќе се наруши договорот за примирје меѓу Хезболах и Израел
ММФ ги продолжува односите со Венецуела по повеќе од 6 години суспензија
Започна петтото издание на Форумот за дипломатија во Анталија
Директорот на американската ИЦЕ се повлекува, ќе ја напушти агенцијата на крајот на мај
Трамп: Се надевам дека Хезболах ќе го почитува примирјето
Фидан се сретна со сирискиот претседател Ал-Шара во Анталија
Амбасадорот на Иран во ОН ја нарече блокадата на САД „чин на агресија“
Ердоган порача дека регионалните актери се клуч за мирот и безбедноста