| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Владите на Северна Македонија и Србија потпишаа меморандум за разбирање
Меморандумот претставува значаен чекор во продлабочувањето на стратешката економска соработка меѓу двете земји и поставува рамка за поттикнување на трговијата, инвестициите, размената на искуства и и развојот на заеднички проекти, соопшти Владата
Владите на Северна Македонија и Србија потпишаа меморандум за разбирање
Меморандумот е потпишан пред официјалниот почеток на Македонско-српскиот бизнис-форум / Others
3 декември 2025

Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија денес во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање за соработка.

Меморандумот е потпишан пред официјалниот почеток на Македонско-српскиот бизнис-форум од страна на потпретседателот на Владата на Северна Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, и потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ.

Меморандумот, како што се вели во соопштението на Владата на РСМ, претставува значаен чекор во продлабочувањето на стратешката економска соработка меѓу двете земји и поставува рамка за поттикнување на трговијата, инвестициите, размената на искуства и развојот на заеднички проекти.

Се додава дека со документот се опфаќа унапредувањето на комуникацијата меѓу институциите и приватниот сектор, размената на информации и добри практики, координацијата на економските политики, поддршката за деловните субјекти и создавањето услови за посилен заеднички настап на регионалните и трети пазари, а посебен акцент е ставен и на унапредувањето на инфраструктурната поврзаност меѓу двете земји, вклучително и соработката на проекти од заеднички интерес како што е развојот и модернизацијата на железничката и патната инфраструктура.

„Со денешното потпишување, Меморандумот кој веднаш стапува во сила и останува важечки пет години, ја потврдува јасната политичка волја и заедничката определба на двете влади за интензивирање на економската соработка и отворање нови можности за бизнис-заедниците“, се нагласува од Владата.

Се додава дека денешниот Македонско-српски бизнис-форум ги обединува водечките компании, институции и инвеститори од Северна Македонија и Србија и дека се очекува да отвори нови партнерства, да ги засили деловните контакти и да овозможи брза операционализација на приоритетите предвидени со Меморандумот, придонесувајќи за уште поинтензивен економски развој и соработка меѓу двете земји.

Повеќе
Трамп ќе ја објави и потпипше Повелбата на Комитетот за мир
Трамп: Имаме договор за Гренланд, нема да воведам царини за Европа
Николоски со апел до ЕУ превозниците да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната
Тројца новинари меѓу 11 загинати Палестинци во најновите израелски напади во Газа
Двајца загинати во силни поплави кои ја погодија Грција
САД префрлаат затвореници од ДАЕШ од Сирија во Ирак
Медиуми: Папата Лав XIV одбил аудиенција со Макрон
ЕУ го прекинува трговскиот договор со САД поради заканите на Трамп
Нетанјаху ја прифатил поканата на Трамп за Одборот за мир
Седум сириски војници загинале по напад со дрон на ЈПГ врз складиште за оружје во Хасака
Трамп: Повикувам на разговори за САД да го купат Гренланд
Израел пак го прекрши примирјето со смртоносни воздушни, морски и копнени напади врз Газа
СЗО: Над 18.500 Палестинци во Газа сè уште имаат потреба од итна медицинска евакуација
Кина ја потврди поддршката за системот предводен од ОН, наспроти „Одборот за мир“ на Трамп
Владата бара од ЕУ да ја одложи примената на новите Шенген правила за македонските превозници