Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави денеска во врска со наредбата што Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во Сараево ја доби од Судската полиција на Судот на БиХ за да помогне во апсењето на комплетното раководство на Република Српска дека ќе има доволно разумтоа да се избегне,бидејќи, како што истакна, тоа би бил патот до граѓанска војна.
„Се надевам дека ќе имаат доволно разум и оти никој нема да се обиде да ги уапси претседателот на РС Милорад Додик, премиерот Вишковиќ и спикерот Стевандиќ. Затоа што тоа се луѓето што ги чува Министерството за внатрешни работи на Република Српска. Ова е патот до граѓанската војна“, изјави Вучевиќ.
Вучевиќ истакна дека, секако, има и такви кои се политички над Сараево.
„Апсолутно, тоа им е јасно на сите, има и такви кои се спонзори на сето она што се прави“, рече Вучевиќ.
Тој рече дека некои сакаат во Србија да биде на работ на граѓанска војна и дека не е ни чудо што ова се прелева и во Република Српска.
„И дали се подготвуваме да го избегнеме, односно да можеме да реагираме на таква можна ситуација или сме преокупирани со сопствените проблеми и со колапсот на сопствената држава, не земајќи го предвид она што се случува во нашето соседство, не земајќи го предвид она што се случува во дел од нашиот народ и затоа е невозможно тоа да не се прелее или да не се почувствува во Србија“, рече Вучевиќ.
Наредбата за апсење на Додик, Стевандиќ и Вишковиќ ја издаде Обвинителството на БиХ, кое исто како и СИПА повеќе не е надлежно на територијата на Република Српска по неодамнешните изгласаните измени на законите во РС.
Тој рече дека наредбата на Обвинителството на БиХ значи дека ситуацијата во БиХ е се посложена и напната.
„Тензиите растат и очигледно нема доволно разбирање, првенствено во политичкото Сараево, за да се регулираат работите или партиите преку дијалог, преку директни разговори меѓу претставниците на Бошњаците, Србите и Хрватите, курсот што е пожелен за да се зачуваат мирот и стабилноста во БиХ“, рече Вучевиќ.
Според него, јасно се приближуваме кон крајот на пропаѓањето на Дејтонскиот договор во смисла дека некој се обидува целосно да го поништи и политички и правно и да го стави надвор од сила.












