| Macedonian
РЕГИОН
6 мин читање
Кардиохирургот Колев: Кардиоваскуларните болести го заземаат првото место по зачестеност
„За мене кардиохирургијата како дел од хирургијата е и наука, и вештина, помалку е уметност, но пред се е начин на живот. Кога избирате кариера како хирург не избирате само професија, туку избирате нешто што е животен повик“, истакнува доктор Колев.
Кардиохирургот Колев: Кардиоваскуларните болести го заземаат првото место по зачестеност
Кардиохирургот Колев: Кардиоваскуларните болести го заземаат првото место по зачестеност
7 декември 2025

До 70-80 отсто од луѓето кои завршуваат со миокарден инфаркт немале некои посериозни здравствени проблеми кои ги пријавиле или ги чувствувале наназад се до тој период. Многу анализи покажале дека 30 до 45 минути пешачење има и до 50 отсто влијание за намалување на опасноста од кардиоваскуларни болести во период од 10 години. Популацијата над 40 години да прави редовни прегледи, како што се електрокардиограм, ехо на срце, лабораторија за следење на маснотии и шеќер во крв, вели во интервју за МИА, д-р Александар Колев, специјалист по кардиохирургија од Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.

Тој посочува дека пушењето цигари е исклучително штетно за кардиоваскуларниот систем и препорачува не постепено, туку веднаш да се прекине, да се прават редовни прегледи, да се зема терапија, да се има физичка активност, поголемо движење, поголема социјализација и подолг престој во природа. 

Нагласува дека за некој брз период ќе се формира нов центар за третман на срцеви болести односно ќе се спојат Државната кардиохирургија и Универзитетската клиника за кардиологија и дека со иницијатива на Владата формирани се работни групи кои треба да овозможат поврзување во еден правен субјект. На тој начин, посочува, ќе се избегнат бирократски пречки и ќе се обединат дијагностиката, конзервативниот третман и пред оперативната подготовка на пациентите, оперативното односно хируршкото лекување, како и постоперативното лекување и натамошното следење на срцевите болни.

Тој истакнува дека на Клиниката се извршени десеттина минимално инвазивни операции каде нема класично сечење на градната коска и еден голем мутилантен рез, туку со рез кој е под пазувата од само четири сантиметри направиле неколку замени на аортна валвула, неколку операции на митрална валвула и тоа е насоката во која и натаму планираат да се развиваат.

„Извршени се меѓу 250 и 320 кардиохируршки операции. Покрај кардиохируршки операции на нашата Клиника се изведуваат и васкуларни хируршки операции“, наведува д-р Колев.

Во врска со трансплантациите на срце тој вели дека е потребно малку поголема активност во делот на подигнување на свесноста и на јавноста и на медицинскиот персонал за донорството и за навременото препознавање на мозочна смрт, дијагностицирање и преземање на сите постапки понатаму за овозможување на срцеви донори.

„Охрабрувачки е на некој начин кога ќе се посетат едни поразвиени држави, поразвиени здравствени системи, односно во конкретниот случај болницата во Бордо, Франција, кога ќе видите дека нема многу разлика од тоа што ние го работиме во Македонија, во делот на оние стандардни кардиохируршки интервенции“, потенцира д-р Колев. 

Во рамки на  престојот во Универзитетската болница во Бордо тој првпат имал искуство да види како изгледа роботизирана кардиохируршка операција, поконкретно пластика на една болна митрална валвула на срцето.

„За мене кардиохирургијата како дел од хирургијата е и наука, и вештина, помалку е уметност, но пред се е начин на живот. Кога избирате кариера како хирург не избирате само професија, туку избирате нешто што е животен повик. За да знаете да направите една операција на срце, еден бај пас или замена на валвула вообичаено потребно е тоа срце да го запрете да работи, пациентот да го поврзете на една машина која е вештачко срце и вештачки бели дробови кои го одржуваат во живот, на некој начин сето тоа е многу фасцинантно и да го имате во вашите раце срцето на пациентот е буквално како да го имате неговиот живот“, посочува д-р Колев.

Во врска со тоа која иновација или техника во кардиохирургијата најмногу ќе го трансформира третманот на пациентите во следната деценија, посочува дека минимално инвазивните процедури кои се и сегашност во светот, но особено нивното комбинирање со роботизирани апарати и дополнително веројатно ќе има многу голем напредок и развој со развојот на вештачката интелигенција, која во поголема мерка се користи во дијагностицирањето на многу болести. Тој истакнува дека веќе се направени неколку операции кои комбинираат хируршка активност со роботизирана активност и со вештачка интелигенција.

„Минимално инвазивните процедури, комбинирањето на ендоваскуларните процедури кои се без отворена хирургија, со отворени операции, односно хибриден пристап кон третирањето на пациентите ќе биде исто нешто што ќе овозможи голем бенефит за кардиохируршките пациенти. Понатаму сигурно дека ќе има можност со развој на биотехнологии и со развој на 3Д принтање на биолошки материјали на органи, на ткива, што ќе помогне исто за третманот на пациентите со срцева слабост, нешто што звучи радикално меѓутоа се случи и веројатно многу ќе се работи на тоа и во иднина, а тоа е таканаречената ксенотрансплантација. Една проста споредба за нејзиниот ефект. Првиот трансплантиран пациент со срце од човек донор живееше 18 дена, првиот трансплантиран пациент со срце од свиња живееше два месеца. Со етичките дилеми кои постојат и веројатно ќе бидат тема, кардиохирургијата во третманот на пациентите со срцева слабост ќе се движи кон развојот на нови технологии, но и кон ксенотрансплантацијата“, додава д-р Колев во интервјуто.

Совети за грижа на здравјето на срцето

Брзиот начин на живот, изложеноста на стрес, несоодветниот начин на исхрана, немањето физичка активност, пушењето и не одењето на превентивни прегледи резултира со зголемен број пациенти со кардиоваскуларни заболувања. Во тој контекст, кардиохирургот Колев, вели дека „во Македонија па и во светот кардиоваскуларните болести го заземаат првото место по зачестеност и се главна причина за смрт.“

„Кога зборуваме за причини кои доведуваат до овие болести ние можеме да ги поделиме на две групи: едните се вродени или внатрешни фактори, значи ние најчесто не знаеме каква генетика носиме и може да имаме генетска наклонетост кон одредена болест. Возраста односно стареењето е нешто на кое не можеме да влијаеме, како што не можеме да влијаеме ниту на генетиката. Меѓутоа многу научни студии покажале дека влијанието на генетиката е некаде можеби 20 до 25 проценти додека животните навики или оние надворешни фактори се нешто што може да одлучи дали ние ќе заболиме од одредена болест во конкретниот случај кардиоваскуларна болест или не. На прво место пушењето цигари, кое е исклучително штетно за кардиоваскуларниот систем и еден од главните надворешни фактори. Тоа што ќе им препорачам на сите кои ќе го гледаат-читаат овој разговор, е откажување од пушењето цигари“, истакнува д-р Колев и потенцира:

„Пушењето цигари во Македонија е навистина на високо ниво. Во многу земји во светот може да се каже дека не само што не е модерно пушењето цигари, туку е на некој начин е и срамно, додека кај нас не е така. Препорачувам веднаш да се престане со пушење цигари, не постепено, не ќе намалам, туку веднаш. Друго што можам да препорачам е редовна контрола на хроничните болести, контрола на шеќерот кај дијабетичарите, зашто дијабетесот е втора главна причина која доведува до срцеви болести. Потоа регулирање на крвниот притисок, редовно земање терапија доколку некој е на хронична терапија, да не се избегнува терапијата, физичка активност, поголемо движење, поголема социјализација, подолг престој во природа и редовни прегледи.“

ИЗВОР:MIA
Повеќе
Немало разузнавачки информации дека Иран прв ќе нападне, му соопштил Пентагон на Конгресот
Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран за време на воздушните напади
Трамп: Нападите врз Иран би можеле да траат четири недели или помалку
„Ер Франс“ ги продолжува суспензиите на летовите кон Блискиот Исток до вторник
Кувајтско министерство за одбрана: Се урнале неколку американски воени авиони
Израелската армија врши рација во бегалски камп на Западниот Брег, евакуира домови за воена употреба
Ердоган со интензивна дипломатска мисија околу тензиите поврзани со Иран
Аракчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната
Иран испали балистички ракети кон Израел, 9 мртви во Беит Шемеш, 12 убиени низ целата земја
Најмалку 31 лице загина во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Претседателот на Иран објави дека иранските сили ќе продолжат да ги напаѓаат непријателските бази
ЦЕНТКОМ: Тројца американски војници загинаа, петмина тешко ранети во операцијата против Иран
Израелската армија започна нов бран напади врз иранскиот главен град