| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Иранскиот претседател предупредува: Можно е евакуирање на Техеран поради влошената криза со вода
„Доколку не заврне дожд, следниот месец ќе мора да започнеме со ограничување на водоснабдувањето во Техеран. Ако сушата продолжи, ќе останеме без вода и ќе бидеме принудени да го евакуираме градот“ вели Пезешкијан.
Иранскиот претседател предупредува: Можно е евакуирање на Техеран поради влошената криза со вода
Иранскиот претседател предупредува: Можно е евакуирање на Техеран поради влошената криза со вода / AA
7 ноември 2025

Иранскиот претседател Масуд Пезешкиjан предупреди дека главниот град Техеран би можел да се соочи со тешка криза со вода и дека би можело да дојде дури и до евакуација на градот доколку наскоро не заврне дожд.

Говорејќи за време на посетата на Санандаџ во Западен Иран вчера, Пезешкијан изјави дека Владата се соочува со комбинација од економски, еколошки и општествени кризи.

Тој посочи дека високите цени и инфлацијата се резултат на внатрешните политички пропусти и меѓународните санкции, пренесе „Дејли Итимад“.

„Високите цени и инфлацијата се вина и на Парламентот и на Владата. Иако постојат напори за подобрување, ограничените финансиски ресурси значат дека многу проекти остануваат незавршени“, рече Пезешкијан.

Осврнувајќи се на кризата со вода предизвикана од сушата, тој предупреди дека Иран се соочува со сериозни природни предизвици, меѓу кои намалените врнежи и исцрпените водни резерви.

„Доколку не заврне дожд, следниот месец ќе мора да започнеме со ограничување на водоснабдувањето во Техеран. Ако сушата продолжи, ќе останеме без вода и ќе бидеме принудени да го евакуираме градот“, изјави Пезешкијан.

Претседателот ја нагласи итната потреба од подобро управување и рационално користење на водните и енергетските ресурси, оценувајќи ја ситуацијата во Техеран како „загрижувачка.“

Криза со вода во Техеран

Водоснабдувањето на Техеран зависи од пет главни брани – Лар, Мамлу, Амир Кабир, Талекан и Латијан, а Амир Кабир е најголема.

Последните пет години Иран бележи нагло намалување на врнежите, а метеоролошките податоци покажуваат дека врнежите во Техеран годинава се околу 40% под сезонскиот просек.

Недостигот на дожд, особено во пролетните и летните месеци, предизвика драстично опаѓање на нивото на резервоарите, што влијае и врз површинските и подземните води.

Управата за водоснабдување на Техеран на 20 јули предупреди дека резервоарите што го снабдуваат главниот град се на најниско ниво во последните сто години поради продолжената суша.

Прекини во водоснабдувањето веќе беа спроведени во текот на летото. На 3 ноември директорот на Техеранската водна управа Бехзад Парса изјави дека резервите во браните може да го снабдуваат градот со вода само уште две недели доколку продолжат сувите услови.

На 23 јули Пезешкијан предупреди дека доколку кризата продолжи со ист интензитет и не се преземат ефикасни мерки, наскоро водоснабдувањето за населението ќе стане невозможно.

Повеќе
Фон дер Лајен: ЕУ мора итно да го промени својот пристап кон надворешната политика
Иран ќе го конфискува имотот на своите државјани во странство „виновни за соработка“ со САД и Израел
Кина побара да не се таргетира новозначениот ирански врховен лидер
Зеленски: Украина испрати пресретнувачи на дронови и експерти во американските бази во Јордан
Хрватска: Од денеска почнува двомесечната задолжителна воена обука
Голем пожар избувна во шкотскиот град Глазгов, се урна историска зграда
Израел уби тројца Палестинци во Газа, меѓу кои и две деца, во уште едно кршење на прекинот на огнот
Тројца Палестинци убиени од нелегални израелски доселеници во окупираниот Западен Брег
Кој е Моџтаба Хамнеи, новиот врховен лидер на Иран?
Избувна пожар во бахреински Маамер по ирански напад
Владејачката алијанса „Историски пакт“ победи на конгресните избори во Колумбија
Израел се подготвува за подолга војна со Иран
Трамп вели дека одлуката за прекин на војната со Иран ќе биде донесена заеднички со Израел
Цените на нафтата надминаа 100 долари за барел првпат од 2022 година
Србија забрани извоз на нафта и горива