| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Лига на шампиони: Галатасарај го декласираше Јувентус, Реал славеше во Лисабон
За разлика од пред неколку недели кога во лигашкиот дел од ЛШ беше 4:2 за Португалците, овојпат Реал Мадрид ја совлада Бенфика со 1:0, што му дава предност пред реваншот во Мадрид од плејофот за осминафинале во ЛШ
Лига на шампиони: Галатасарај го декласираше Јувентус, Реал славеше во Лисабон
Фудбалерите на Галатасарај вечерва го победија Јувентус со 5:2, иако тимот од Торино водеше на полувремето со 1:2 / AA
17 февруари 2026

Фудбалерите на ПСЖ славеа победа од 3:2 на гости против Монако во првиот натпревар од шеснаесминафиналето на Лигата на шампионите, а гостинска победа оствари и Реал, победувајќи ја Бенфика со 1:0 во Лисабон.

Во другите два натпревари домашните екипи беа подобри- Галатасарај го декласираше Јувнтус со 3:2, а Борусија Дортмунд ја победи Атланта со 2:0.

За разлика од пред неколку недели кога во лигашкиот дел од ЛШ беше 4:2 за Португалците, овојпат Реал Мадрид ја совлада Бенфика со 1:0, што му дава предност пред реваншот во Мадрид од плејофот за осминафинале во Лигата на шампионите.

Винисиус во 50-та минута постигна велемајсторски гол, а тогаш почна фрлањето предмети кај него и можеби расистичка навреда од противничкиот играч, Аргентинецот Престијани, па затоа имаше прекин од десетина минути.

Во финишот, црвен картон доби Жозе Мурињо, па некогашниот тренер на Реал, нема да биде на клупата на Бенфика на реваншот во Мадрид. Ова е второ исклучување за Мурињо во ЛШ, првото беше во 2011 кога седеше на клупата на Реал.

Пари Сен Жермен со гостинска победа од 3:2 над Монако, значително се доближи до осминафиналето во Лигата на шампионите.

Актуелниот европски првак беше на маки, губеше 0:2, Витиња промаши пенал, но работите се сменија кога во средина на првото полувреме на местото на Усман Дембеле влезе Дезире Дуе. Дуе даде два гола (првиот и третиот) и беше човек на пресврт.

Задачата на ПСЖ беше олеснета откако израмнија на 2:2 во финишот на првиот дел, а Монако остана со човек помалку на стартот на второто полувреме.

Фудбалерите на Галатасарај вечерва го победија Јувентус со резултат од 5:2 во првиот натпревар за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Јувентус водеше на полувреме со 2:1, но „колапсот“ се случи откако Хуан Кабал беше исклучен во 67-та минута.

Стрелци за Галатасарај беа Габриел Сара во 15-та, Ноа Ланг во 49-та и 75-та, Давинсон Санчез во 60-та и Саша Бој во 86-та минута.

Двата гола за Јувентус ги постигна Теун Копмајнерс, во 16-та и 32-та минута.

Во Дортмунд победникот беше решен по првото полувреме. Борусија брзо поведе против Аталанта со голот на Гираси во 3.минута, а Беиер во 42. минута го постави конечниот резултат.

Повеќе
Израелските сили започнаа нов упад во сириската провинција Кунеитра, извршија рации во домови
Руската морнарица ќе ја пробие секоја блокада на танкерите од Западот
НАТО: Туркије е верен сојузник кој придонесува кон заедничката безбедност
Виткоф: Русија и Украина ќе продолжат да работат кон постигнување договор
Иран го затвори Ормускиот теснец заради воени вежби
Зеленски: Украина е подготвена брзо да се движи кон достоен мировен договор
Убиени 11 лица во три американски напади врз наводни бродови за дрога
Ердоган од Етиопија: Признавањето на Сомалиленд од страна на Израел не е од корист за никого
Аракчи задоволен по втората рунда преговори меѓу САД и Иран во Женева
Што значи израелската регистрација на земјиштето на окупираниот Западен Брег?
Сојузот на синдикатите на Македонија со блокада пред Владата, се најавува генерален штрајк во март
Мацут во Атина: Србија останува посветена на зајакнувањето на стратегиското партнерство со Грција
Штрајк на наставниците во Париз поради планираните намалувања на работни места
Околу 1.200 Израелци против законот за смртна казна за палестинските затвореници
Се формира голем евро-пацифички блок поради американските царини