Европската Унија (ЕУ) и 12-члениот Сеопфатен и прогресивен договор за транспацифичко партнерство (ЦПТПП) планираат да формираат голем економски сојуз како одговор на трговските бариери наметнати со зголемените царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп
„Политико“, повикувајќи се на повеќе дипломатски извори, објави дека ЕУ и Индо-пацифичкиот блок започнуваат разговори за формирање на еден од најголемите економски сојузи во светот.
Додека двата блока бараат поблиски врски поради заканите со царини на американскиот претседател Доналд Трамп, Канада наводно ја предводи иницијативата откако премиерот Марк Карни минатиот месец ги повика „средните сили“ да се спротивстават на притисокот од трговската војна.
Затоа, ЕУ и ЦПТПП планираат да започнат преговори оваа година за договор дизајниран да ги поврзе синџирите на снабдување на клучните членки – меѓу кои Канада, Сингапур, Мексико, Јапонија, Виетнам, Малезија и Австралија - поблиску со Европа.
Се очекува иницијативата да здружи околу 40 земји, со цел да се постигне договор за таканаречените „правила за потекло“, кои би ја одредиле „економската националност“ на производот.
Договорот, исто така, има за цел да им овозможи на производителите во двата блока послободно да разменуваат стоки и преку договор со ниски царини.
„Работата дефинитивно напредува“, изјави за „Политико“ канадски владин претставник.
















