| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
САД не планира воена операција во Куба туку промени преку преговори
На прашањето дали би размислил за воена операција како онаа во Венецуела, Трамп рече дека не сака да одговори на тоа прашање
САД не планира воена операција во Куба туку промени преку преговори
САД не планира воена операција во Куба туку промени преку преговори / Reuters
пред 15 часа

Соединетите Американски Држави (САД) „моментално водат разговори со Куба“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп истакна дека државниот секретар Марко Рубио ги води разговорите. „Тие апсолутно треба да постигнат договор“, додаде тој. Трамп ја нарече Куба „неуспешна земја“.

„Ќе видиме како ќе заврши сè. Но, Куба и ние разговараме. Во меѓувреме, има ембарго, нема нафта, нема пари“, рече тој.

На прашањето дали би размислил за воена операција како онаа во Венецуела, Трамп рече дека не сака да одговори на тоа прашање.

„Зошто би одговорил на тоа? Да одговорев, тоа не би била многу тешка операција, како што можете да претпоставите, но не мислам дека ќе биде потребно тоа“, рече тој.

САД ја вратија блокадата на Куба, прогласувајќи ја својата намера за соборување на комунистичката Влада на републиката на еден или друг начин.

Вашингтон воведе ембарго за испораките на гориво за островската земја, која веќе се соочуваше со акутен недостиг.

САД претходно успеаја да ги запрат испораките на нафта за Куба од Мексико и Венецуела, а потоа американските сили го заробија претседателот Николас Мадуро.

Вашингтон, исто така, ја соопшти својата намера да воведе пропорционални увозни давачки за стоки од земји кои се осмелуваат да испорачаат гориво на Куба.

Повеќе
Осум земји меѓу кои и Туркије заеднички ја осудија одлуката на Израел за Западен Брег
Претседателот на „Хајат“ Том Прицкер поднесе оставка поради „Документите на Епстин“
Русија и Украина се обвинија за воздушни напади пред преговорите во Женева
Трамп: Лесно би можел ја решам поделбата меѓу Саудиска Арабија и ОАЕ
Москва: Спремни сме да разговараме за администрација на ОН во Украина, во тој случај мирот е можен
Гаши: Пратениците да ги почитуваат дигнитетот и етичкиот кодекс во меѓусебната комуникација
Рубио во Будимпешта: Останувањето на Орбан на власт е во интерес на САД
Навроцки: Полска може да ја зајакне безбедноста со „нуклеарен потенцијал“
Иран ги повика САД да преговараат независно од израелското влијание
Украинска делегација замина за Женева на разговори со Русија со посредство на САД за крај на војната
Муцунски: Во последните 20 месеци имаме договори од огромно стратешко значење за државата
Ѓуриќ во Минхен: Србија определена за унапредување на партнерската соработка со НАТО
Трамп: Ќе распоредиме многу голема сила ако пропаднат преговорите со Иран
Ердоган и Судани разговараа за борбата со тероризмот и меѓусебната соработка
Вучиќ: Србија останува сигурен партнер на Кина во Европа
Надворешната политика на Трамп: Вашингтон го оживува историскиот империјализам
Со истекот на „Новиот СТАРТ“, дали САД и Русија можат да постигнат нов пакт за нуклеарното оружје
Трамп ја држи вратата на Иран отворена, а Нетанјаху не може да ја затвори
Мерц: ЕУ мора да гради партнерства со Туркије, Индија и Бразил
Калас: Советот за безбедност на ОН не работи онака како што треба