ом Прицкер, милијардерот наследник на хотелскиот синџир „Хајат“, чие име се појави повеќе пати во новообјавените документи поврзани со Џефри Епстин, поднесе оставка од функцијата претседател на „Хајат Хотелс Корпорејшн“, соопшти компанијата.
Прицкер е уште една истакната личност што се повлече по обновената истрага за врските со Естин, финансиерот кој беше обвинет за водење мрежа за трговија со луѓе со малолетни девојчиња и беше пронајден мртов во затвор во 2019 година додека чекаше судење.
Во писмо до одборот на „Хајат“, Прицкер изјави дека се повлекува веднаш.
„Доброто управување исто така значи и заштита на Хајат, особено во контекст на мојата поврзаност со Џефри Епстин и Гилејн Максвел, за што длабоко жалам“, напиша Прицкер.
Тој призна дека одржувањето контакти со Есптин и Максвел е „ужасна проценка“ и рече дека „нема изговор“ што не се дистанцирал од нив порано.
Документите објавени од Министерството за правда на САД покажуваат дека Прицкер останал во редовен контакт со Епстин дури и откако тој се изјаснил за виновен во јуни 2008 година по државните обвиненија за злоупотреба на малолетнички. Евиденцијата покажува дека двајцата често разменувале пораки за да потврдат вечери и состаноци.
Гилејн Максвел, подоцна беше осудена на федерален суд за помагање во регрутирање и ангажирање малолетни девојчиња за злоупотреба од страна на Епштајн.















