| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
Според имејлот, одлуката за блокирање на ВИ алатките, вклучително и помошниците за пишување и виртуелните асистенти, е донесена врз основа на препораките на тимовите на ЕП за кибер безбедност и заштита на личните податоци.
ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност / AA
пред 15 часа

Европскиот парламент (ЕП) ги оневозможи функциите на вештачка интелигенција (ВИ) на таблетите што им ги доделува на пратениците, поради безбедност и заштита на податоците, се наведува во имејл испратен вчера до европратениците, дознава Еурактив.

Според имејлот, одлуката за блокирање на ВИ алатките, вклучително и помошниците за пишување и виртуелните асистенти, е донесена врз основа на препораките на тимовите на ЕП за кибер безбедност и заштита на личните податоци.

„Проценките покажаа дека некои од овие функции користат клауд (cloud) сервиси за задачи што можат да се извршат локално, испраќајќи податоци надвор од уредот“, се вели во имејлот, со напомена дека моментално се врши дополнителна анализа за да се утврди „колкав е обемот на податоците што се споделуваат со провајдерите“.

„Додека ова целосно не се разјасни, се смета за посигурно функциите да останат оневозможени“, се додава во соопштението.

Според документот, исклучени се само „вградените ВИ функции“ како помошниците за пишување и сумирање текст, напредните виртуелни асистенти и резимеата на веб-страници, додека апликациите од трети страни и останатите секојдневни алатки остануваат активни, иако и тие исто така можат да користат ВИ функции.

ЕП исто така, наведува Еурактив, ги упатил пратениците да применат слични мерки на претпазливост на личните уреди, вклучително и преглед и оневозможување на непотребните ВИ функции, ограничување на дозволите на апликациите и избегнување на изложување на работните имејлови или документи на ВИ технологиите.

Одлуката доаѓа во момент кога Европската Унија сè повеќе ја преиспитува зависноста од дигиталните платформи, главно американски, поради безбедносни ризици, вклучително и пристапот на американските власти според законите како што е Cloud Act.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ФБИ одбива да ги сподели доказите за пукањето на Алекс Прети со истражителите од Минесота
ОН: Откритијата во досиејата на Епштајн може да претставуваат злосторства против човештвото
ОИС ги осудува израелските мерки за населување и бара акција од ОН
Либанец убиен од израелски дрон пред неговиот дом
Семејствата на киднапираните Јапонци со омекнат став кон Северна Кореја, бараат враќање на жртвите
Првпат од 1967 година: Израел одобри регистрација на земјиште на Западниот Брег како „државен имот“
Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
Рубио во Минхен повика на зајакнување на трансатлантскиот сојуз заснован на суверенитет
Шефот на турската разузнавачка служба присуствува на Минхенската безбедносна конференција
Туркије тврди дека меѓународниот систем ја губи својата способност да решава глобални кризи
Зеленски: Единството во Европа и евроатлантската заедница е најдобра одбрана против Русија
Германија ја осудува руската забрана за програмата за академска размена на DAAD
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за НАТО мисијата “Арктичка стража”
Поранешниот норвешки премиер Јагланд обвинет за сериозна корупција за наводни врски со Епстин
Епштајн имал скриени камери во куќата, дури и во кутии за марамчиња
Јапонија уапси кинески капетан откако брод беше пресретнат кај покраината Нагасаки
Над 4.500 припадници на ИСИС префрлени од Сирија во ирачки затвори
Финска го отвора првиот рудник за литиум во Европа за производство на батерии
Турскиот претседател повика на посилна транспортна интеграција меѓу муслиманските земји
Германската полиција уапсила двајца членови на терористичката организација ПКК со оружје и дрога