| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Захарова: Изјавата на Зеленски за изборите е врв на цинизмот
Не можам да замислам која било земја што би барала од другите земји да обезбедат спроведување на избори на територијата на Европската Унија, а во исто време да не изјави дека ја изгубила својата независност и суверенитет, рече Захарова
Захарова: Изјавата на Зеленски за изборите е врв на цинизмот
Зеленски се согласи да оди на избори, но ги повика САД и EУ да помогнат во создавањето услови за безбедно одржување на гласањето / Reuters
10 декември 2025

Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Европа и НАТО мора да ја обезбедат безбедноста на Украина за спроведување на изборите е врв на цинизмот, оцени денес Марија Захарова, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија.

„Ова е, дури и за Зеленски, неочекувано смел потег. Ова е таков предизвик, дури и ако се земе предвид она што тој веќе го кажа. Не можам да замислам која било земја што би барала од другите земји да обезбедат спроведување на избори на територијата на Европската Унија, а во исто време да не изјави дека ја изгубила својата независност и суверенитет“, рече Захарова, пренесува Спутник.

Зеленски синоќа изјави дека е подготвен да учествува на претседателските избори, но дека нивното одржување зависи од две клучни работи - безбедноста на граѓаните и законските измени, и ги повика САД и ЕУ да помогнат во обезбедувањето услови за одржување на изборите.

Тој нагласи дека тврдењата дека владата „ја држи власта“ за да ја продолжи војната не се точни и додаде дека изборите можат да се одржат само со гаранции за безбедноста на граѓаните.

Зеленски ги повика САД и европските партнери да помогнат во создавањето услови за безбедно одржување на гласањето.

„Подготвен сум за изборите. Покрај тоа, ги молам САД, евентуално во соработка со европските партнери, да обезбедат безбедност за одржување на изборите. Тогаш Украина би била подготвена за нив во рок од 60-90 дена“, рече претседателот на Украина.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина треба да одржи претседателски избори, тврдејќи дека украинските претставници ја користат војната како изговор за одложување на гласањето.

Европската комисија истакна дека изборите можат да се одржат само ако околностите го дозволат тоа, имајќи ја предвид агресијата на Русија.

Повеќе
Немало разузнавачки информации дека Иран прв ќе нападне, му соопштил Пентагон на Конгресот
Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран за време на воздушните напади
Трамп: Нападите врз Иран би можеле да траат четири недели или помалку
„Ер Франс“ ги продолжува суспензиите на летовите кон Блискиот Исток до вторник
Кувајтско министерство за одбрана: Се урнале неколку американски воени авиони
Израелската армија врши рација во бегалски камп на Западниот Брег, евакуира домови за воена употреба
Ердоган со интензивна дипломатска мисија околу тензиите поврзани со Иран
Аракчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната
Иран испали балистички ракети кон Израел, 9 мртви во Беит Шемеш, 12 убиени низ целата земја
Најмалку 31 лице загина во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Претседателот на Иран објави дека иранските сили ќе продолжат да ги напаѓаат непријателските бази
ЦЕНТКОМ: Тројца американски војници загинаа, петмина тешко ранети во операцијата против Иран
Израелската армија започна нов бран напади врз иранскиот главен град