| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Дизелот поскапува за 3,5 денари, бензинот останува со истата цена
Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат и остануваат 86,50 денари односно 88.50 денари, а цената на Еуродизелот се зголемува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 95,50 денари
Дизелот поскапува за 3,5 денари, бензинот останува со истата цена
Aко останеше на сила ДДВ од 18%, цената на бензините ќе беше повисока за 6,50 денари, а дизелот за 10,50 денари, соопшти Регулаторната комисија / AP

Цената на дизелот од полноќ поскапува за 3,5 денари, додека цената на бензинот останува иста поради намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто.

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, со што изврши усогласување со измените од Законот за данок на додадена вредност .

Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат и остануваат 86,50 денари односно 88.50 денари. Цената на Еуродизелот се зголемува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 95,50 денари, дека на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 92 денари за литар.

Цената на Мазутот се зголемува за 0,157 денари за килоград и сега ќе изнесува 47,610 денари.

Во „Службен весник“ во неделата е објавена Одлука за постоење кризна состојба заради можност за настанување на нарушување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија.

Истиот ден премиерот Христијан Мицкоски одржа прес-конференција на која рече дека Владата донела одлука за намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 10 проценти, затоа што новата понеделничка пресметка од страна на Регулаторната комисија на енергетика би приредила ново поголемо покачување на цените.

„Доколку останеше во сила ДДВ од 18 проценти цената на бензините ќе беше повисока за 6,5 денари за литар, а дизелот за 10,5 денари за литар“, соопшти Регулаторната комисија.

Според Мицкоски, дневна заштеда на граѓаните од намалениот данок на додадена вредност е околу 200.000 евра, односно околу 1,5 милиони евра неделно треба да останат кај населението.

Регулаторната комисија за енергетика, пак, повторно го менува начинот на формирање на цените на горивата, отворајќи простор за побрзи реакции на пазарните и даночните промени.

Со најновите измени на Правилникот, донесени денес, РКЕ овозможува покрај редовните одлуки што се носат секој понеделник, да може да свикува и вонредни седници во текот на неделата – доколку има промени во даноците, таксите или другите давачки што директно влијаат врз малопродажните цени.

Измените покажуваат дека досегашниот модел, според кој цените се утврдуваа еднаш неделно врз основа на просечните берзански движења и курсот на доларот, не е доволно флексибилен во ситуации кога државата интервенира со даночни мерки.

Повеќе
Пекинг го отфрла тврдењето на Трамп дека запленетиот ирански брод носел „подарок од Кина“
Институтот „Јунус Емре“ во Скопје со курсеви по турски јазик за вработените на аеродром и царина
Најмалку двајца загинати во автобуска несреќа во Бугарија
САД ги прекинуваат испораките во долари за Ирак поради загриженост за милициите поддржани од Иран
САД може да останат без ракети ако избувне уште една војна
Израел потврди дека на московскиот аеродром се приведени околу 40 негови државјани
Мицкоски со владина делегација во официјална политичка и економска посета на Австрија
Трамп: Ќе го продолжам примирјето сè додека Иран не го поднесе предлогот и не се завршат преговорите
Одлуката на Техеран да не присуствува на состанокот во Исламабад во среда е конечна
ИРГК: Ќе го запреме производството на нафта во Заливот ако Иран биде нападнат од тие територии
Туркије ги отфрла грчките поморски карти поради кршење на меѓународното право
Владата ги ограничи маржите на ѓубривата заради стабилизација на цените
Еве како Израел го уништува секој преостанат привид на безбедност во Газа
Трамп: Без договор со Иран, ќе продолжиме со бомбардирањето, нема да го продолжам примирјето
Муцунски ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој за UNECE регионот во Женева