| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Христијан Мицкоски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Од делегатите на 18. партиски конгрес кој се одржа во Кавадарци, Мицкоски е избран да ја води партијата во наредните четири години што според статутот на партијата би бил негов последен мандат
Христијан Мицкоски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ / AA
7 декември 2025

Христијан Мицкоски е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, добивајќи го третиот мандат за раководење на владејачката партија во земјата.

Од делегатите на 18. партиски конгрес кој се одржа на 6 декември во Кавадарци, Мицкоски е избран да ја води партијата во наредните четири години што според статутот на партијата би бил негов последен мандат.

Претседателот на Изборната комсија, Зоранчо Јованчев, истакна дека од 817 присутни делегати, 804 гласале и дале поддршка за нов мандат на Мицкоски, кој беше и единствен кандидат за функцијата.

Инаку, на конгресот одржан под мотото „Визија што гради држава - За генерацијата што доаѓа 2030“ се усвоени и два документа: Стратегијата 2025–2030 и Доктрина.

Мицкоски во своето обраќање по изборот се заблагодари за довербата и рече дека „денес победил патот трасиран за Македонија.“

Тој се осврна на донесените документи за кои рече дека треба да ја обноват вербата во политиката, и дека се рамката што треба да ја стабилизира и европеизира државата:

„Тоа не е обичен документ. Тоа е национален договор и рамката што ја става Македонија во европската иднина без да ја загуби својата историска вертикала.“

Мицкоски се осврна и на прашањето со Бугарија истакнувајќи дека се има желба за решение, но дека во моментов нема соговорник од другата страна.

„Нѐ чекаат сериозни предизвици. Имаме отворено прашање со Бугарија, но се чини дека нема соговорник од другата страна. Имаме желба да постигнеме фер решение, но за секој договор сакам да знам, за разлика од моите претходници во владата, што добива Македонија и граѓаните од сето тоа. “

Тој рече дека сака да ја знае точната иднина која ќе се обезбеди за народот на земјата и додаде:

„Европската Унија се чини неподготвена да го фасцилитира овој процес, пред сѐ, поради своите внатрешни проблеми. А, од друга страна, државава премногу даде на патот кон ЕУ која е и понатаму наша цел, но да бидеме реални дека ние мораме да посветиме внимание пред сѐ на домашната задача, да обезбедиме иднина за сите граѓани. И Македонци и Албанци и Турци и Роми и Срби и Власи и Бошњаци и сите останати“, истакна Мицкоски.

Тој рече дека не е проблем внесувањето на Бугарите во Уставот, туку новите условувања кои, тврди, ќе следат на патот на евроинтеграцијата на земјата.

„Прашањето со Бугарија не е дали ќе има Бугари во Уставот. Нив може од утре да ги има и јас немам никаков проблем со тоа, проблемот е што тоа не е крајот, туку тука ќе почнат нови и нови условувања и Македонија ќе прерасне во нов експеримент, откако двапати менуваше име, менуваше знаме, документи и којзнае колку пати менуваше Устав“, рече тој.

Додаде дека решението кое би се постигнало мора да обезбеди зачуван идентитетот и дека нема да има „некое ново предавство“.

Порача дека негова должност е да работи на „остварувањето на визијата за стабилна и просперитена Македонија“, истакнувајќи дека „во овој последен мандат нема да работи за да остане претседател туку за да создаде генерација што ќе биде подобра од него и најдобра за Македонија.“

ИЗВОР:AA
Повеќе
Немало разузнавачки информации дека Иран прв ќе нападне, му соопштил Пентагон на Конгресот
Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран за време на воздушните напади
Трамп: Нападите врз Иран би можеле да траат четири недели или помалку
„Ер Франс“ ги продолжува суспензиите на летовите кон Блискиот Исток до вторник
Кувајтско министерство за одбрана: Се урнале неколку американски воени авиони
Израелската армија врши рација во бегалски камп на Западниот Брег, евакуира домови за воена употреба
Ердоган со интензивна дипломатска мисија околу тензиите поврзани со Иран
Аракчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната
Иран испали балистички ракети кон Израел, 9 мртви во Беит Шемеш, 12 убиени низ целата земја
Најмалку 31 лице загина во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Претседателот на Иран објави дека иранските сили ќе продолжат да ги напаѓаат непријателските бази
ЦЕНТКОМ: Тројца американски војници загинаа, петмина тешко ранети во операцијата против Иран
Израелската армија започна нов бран напади врз иранскиот главен град