| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Протести пред зградата на Би-би-си поради прикривање на геноцидот во Газа
Демонстрантите, кои го критикуваат начинот на кој британскиот јавен сервис известува за случувањата во Газа, бараат Би-би-си да одговара пред јавноста
00:00
Протести пред зградата на Би-би-си поради прикривање на геноцидот во Газа
Носејќи палестински знамиња, демонстрантите извикуваа слогани како „Срами се Би-би-си“, „Би-би-си е соучесник во геноцидот“ и „Слободна Палестина“. / AA
9 мај 2025

Поддржувачите на Палестина во Лондон протестираа пред централата на британскиот јавен сервис Би-би-си, обвинувајќи ја медиумската куќа дека го прикрива геноцидот што Израел го спроведува во Газа.

Демонстрантите се собраа пред зградата на Би-би-си на Портланд Плејс со цел да изразат незадоволство од произраелскиот пристап на медиумот и прикривањето на воените злосторства под мотото „Ставете крај на прикривањето на геноцидот“.

Тие побараа Би-би-си да одговара пред јавноста и да го смени својот произраелски пристап кон вестите за палестинскиот народ и случувањата во Газа.

Носејќи палестински знамиња, демонстрантите извикуваа слогани како „Срами се Би-би-си“, „Би-би-си е соучесник во геноцидот“ и „Слободна Палестина“.

Фарис Амер во име на граѓанската организација „Форум за Палестина во Британија (PFB)“, во својот говор ја осуди пристрасноста на Би-би-си.

Посочувајќи дека Би-би-си неодамна ја одложил премиерата на документарецот што го прикажува животот на лекарите во Газа, Амер истакна:

„Сите многу добро знаеме дека овие документарци не ја раскажуваат целата приказна. Тие не прикажуваат дури ни мал дел од она што го видовме последните две години. Би-би-си веќе јасно покажа дека негова цел не е да информира. Негова цел е контрола – и тоа е токму она што се обидуваат да ни го направат денес.“

Амер нагласи дека обемот на случувањата во Газа не може да се дознае преку мејнстрим медиумите и додаде:

„Мора да се свртиме кон други извори на информации, кон независните медиуми. Нема да нѐ замолчат, нема да молчиме.“

Одлуката на Би-Би-Си да не ги емитува документарните филмови и вести за Палестина и Газа, како и нивното отстранување од дигиталните платформи, наиде на многу негативни реакции.

Во февруари Би-би-си го повлече од својата дигитална платформа iPlayer документарецот „Газа: Како да се преживее во зона на војна“, кој го опишуваше влијанието на војната врз децата и потоа се извини.

Повеќе од 500 телевизиски и медиумски професионалци, меѓу кои и познатите фудбалерот Гери Линекер и актерите Чарлс Данс и Халид Абдала, остро го критикуваа Би-би-си поради оваа одлука.

Неодамна британскиот радиодифузен сервис ја одложи и премиерата на документарецот за лекарите што работат во Газа за некој подоцнежен датум.

Повеќе
Собранието ја констатираше оставката на обвинителот Коцевски
Уапсени сопствениците на ноќен клуб во Индија каде во пожар загинаа 25 луѓе
Нетанјаху упадна во џамијата Ал-Акса за да го прослави еврејскиот празник Ханука
Црна Гора затвори уште пет поглавја во преговорите со ЕУ
Зеленски: Деструктивните точки се отстранети од нацрт-мировниот договор
Турската полиција во Албанија одржува обука за Борба против перење пари и финансирање на тероризам
Убијците од плажата Бонди биле на Филипини еден месец пред масакрот
Италијанскиот суд нареди ослободување на египетскиот имам кој се соочува со депортација поради пропалестински изјави
САД извршија напади врз три бродови во Источен Пацифик
Венецуела го осудува обновувањето на санкциите на ЕУ како „нелегално“ и „непријателско“
Обилни дождови ја поплавија болницата во Газа и однесоа шатори на раселените Палестинци
Израел уби палестински тинејџер во окупираниот Западен Брег
Премиерот Албанезе се сретна со глобалниот херој Ахмед кој го разоружа напаѓачот на плажа
Визијата за нула отпад на турската прва дама го обликува планот на Анкара за ЦOП31
Турски Ф-16 собори дрон во Црното Море