| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост
„Заедно со Министерството за социјална политика, демографија и млади активно и Министерството за образование и наукa работиме на воспоставување семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството.“
Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост
Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост / Влада на РСМ
8 декември 2025

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес во Влада присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски,  министерот  за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Армен Григорјан, в.д. постојан координатор на ООН.

„Заедно со Министерството за социјална политика, демографија и млади активно и Министерството за образование и наукa работиме на воспоставување семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството. Првите години од животот се клучни за развојот на секое дете. Здравствениот систем мора да ја препознае секоја рана потешкотија во развојот, затоа се обучуваат тимови во јавните здравствени установи во Скопје кои веќе обезбедуваат семејно-ориентирани услуги. Паралелно, Министерството работи на развивање универзален систем на скрининг за сите деца до шестгодишна возраст, со што секое дете ќе има пристап до рана процена, без разлика каде живее“, истакна министерот Алиу.

Министерството за здравство, заедно со Министерството за социјална политика и со поддршка на Светска банка работи на отпочнување заеднички пилот-проект за воспоставување сеопфатен систем за проценка на лицата со попреченост, прв чекор кон создавање единствен регистар и унапредување на законската рамка за проценка и обезбедување на правото на надоместокот за помош и нега од друго лице.


ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ го засилува енергетскиот и безбедносниот надзор поради тензиите на Блискиот Исток
Иран го затвори Ормускиот теснец и се закани со напади врз бродовите
Вашингтон ги повика Американците веднаш да го напуштат Блискиот Исток
Ирански дронови ја погодија амбасадата на САД во Ријад
Холандската партија Денк го обновува законот против дискриминација при вработување
Израел започна со големи воздушни напади врз Техеран и Бејрут
Двајца припадници на Департманот за војна на САД повредени во Бахреин
Челик: Нападот врз Иран е неправеден и спротивен на меѓународното право
Цените на гасот во Европа скокнаа за 48% поради нападите на Блискиот Исток
Експлозија во близина на нуклеарниот погон Исфахан во Иран
Путин разговараше со арапските лидери за нападите врз Иран - Дијалог и смирување на тензиите
Ердоган и Мерц разговараа за американско-израелските напади врз Иран
Кина ги обвини САД за ескалација на сајбер тензиите
Возачите на камиони од Босна и Херцеговина најавуваат блокади на граничните премини од 12 март
Затворена најголемата рафинерија во Саудиска Арабија по напад на ирански дронови