| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Градски воз во Скопје: Побрз, поефикасен и поеколошки транспорт
Од Железничката станица Зелениково до Железничката станица во Скопје ќе се стасува за 25 минути, а од таа во Драчево за 11 до 13 минути со ремонтот на пругата во должина од 25 километри, најави Ивановски, директор на ЈП Железници Инфраструктура
Градски воз во Скопје: Побрз, поефикасен и поеколошки транспорт
Градски воз во Скопје: Побрз, поефикасен и поеколошки транспорт / TRT Balkan
7 ноември 2025

 Од Железничката станица Зелениково до Железничката станица во Скопје ќе се стасува за 25 минути, а од таа во Драчево за 11 до 13 минути со ремонтот на пругата во должина од 25 километри, прва фаза од  проектот „Градски воз“, најави Синиша Ивановски, директор на ЈП Железници Инфраструктура, при увидот на ремонтните активности во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски. 

Ивановски соопшти дека почнати се и ремонтни активности на делницата од Драчево до Илинден, во должина од 7,7 километри, којашто ќе биде исклучиво за товарен превоз.

Работите за двете делници се очекува да бидат завршени за половина година. Договорот за ремонтот на делницата Драчево - Илинден, како што рече Ивановски, е три милиони евра, а 5,7 милиони евра е вредноста на реконструцијата од Зелениково до центарот на Скопје.

„Првата фаза на градски воз во должина од 24,5 километри ќе заврши за најмногу шест месеци, а втората деница од Драчево до Илинден, што е исклучиво за товарниот сообраќај, во должина од 7,7 километри ќе биде готова до Нова година, бидејќи е пократка, односно двете делници ќе бидат целосно оперативни за најмногу половина година. И двете се електрифицирани, што е важно затоа што дизел возовите нема да влегуваат во Скопје со Градскиот воз, туку ќе бидат исклучиво електрифицирани“, изјави Ивановски.

На оваа делница има седум железнички станици кои, како што рече, ќе собираат патници за поефикансо, побрзо и што е најважно поеколошки да стигнат до центарот на Скопје.

Град Скопје, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски,  ќе се вклучи логистички во овој процес и новите точки ќе се адаптираат со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за да нема чекање од страна на граѓаните. 

„Она што во минатото се говореше и за многумина изгледаше како сон, денеска станува јаве, а тоа е да почнеме да нудиме алтернатива за нашите сограѓани во град Скопје имајќи во предвид дека изминатиот период се соочуваа со катастрофална состојба поврзана со нефункционалноста на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје“, изјави Ѓорѓиевски.

И вицепремиерот  и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека визијата за Градски воз станува реалност.  Со ремонтот на делницата од Драчево до Илинден, пак, ќе има зголемување на карго сообраќајот, рече Николоски. 

Мицкоски, пак, истакна дека освен што ќе се растовари гужвата во сообраќајот, со овие проекти ќе се намали емисијата на штетни честички во воздухот. 

„Ние рековме кога станува збор за квалитетот на воздухот, чуда се невозможни, треба време бидејќи ништо не е правено, но ова е еден од тие проекти коишто контрибуира. Многу сум среќен и тоа што конечно го отпочнуваме БРТ системот, но треба да видиме малку околу проектот како сето тоа ќе биде замислено, а бидејќи ќе треба да се прави цел нов мост преку реката Вардар за да може сето тоа јакосно да се изнесе. Кога ќе ги заокружиме сите овие проекти сигурен сум дека ќе имаат позитивно влијание врз животната средина и ќе го намалат загадувањето во текот на целата година, бидејќи автомобилите се возат во текот на целата година и во текот на целата година тие емитуваат честички коишто влијаат негативно врз квалитетот на воздухот, тоа е многу важно барем тој сегмент. Во останатиот дел имаме тековни проекти коишто ги развиваме“, изјави Мицкоски. 

Ивановски најави дека следната година ќе се проектира втората делница од Градски воз, од Волково до Скопската железничка станица, а во 2027 година и последниот дел,  делницата Миладиновци - Илинден - Скопје.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Немало разузнавачки информации дека Иран прв ќе нападне, му соопштил Пентагон на Конгресот
Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран за време на воздушните напади
Трамп: Нападите врз Иран би можеле да траат четири недели или помалку
„Ер Франс“ ги продолжува суспензиите на летовите кон Блискиот Исток до вторник
Кувајтско министерство за одбрана: Се урнале неколку американски воени авиони
Израелската армија врши рација во бегалски камп на Западниот Брег, евакуира домови за воена употреба
Ердоган со интензивна дипломатска мисија околу тензиите поврзани со Иран
Аракчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната
Иран испали балистички ракети кон Израел, 9 мртви во Беит Шемеш, 12 убиени низ целата земја
Најмалку 31 лице загина во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Претседателот на Иран објави дека иранските сили ќе продолжат да ги напаѓаат непријателските бази
ЦЕНТКОМ: Тројца американски војници загинаа, петмина тешко ранети во операцијата против Иран
Израелската армија започна нов бран напади врз иранскиот главен град