| Macedonian
СПОРТ
1 мин читање
Сиетл по вторпат во историјата го освои американскиот Супербоул
Првото полувреме мина со малку поени, а првиот тачдаун беше виден во третата четвртина за водство на Сиетл од 19-0, во последниот период Њу Ингланд успеа да намали на 19-7 и да спречи катастрофа, но следуваше нов тачдаун за Сиетл и убедливи 29-7
Сиетл по вторпат во историјата го освои американскиот Супербоул
За Сиетл ова е втор трофеј во историјата по оној во 2013 година, но и своевиден реванш за поразот во големото финале во 2015 година oд Патриотс / Reuters
9 февруари 2026

Најголемиот спортски спектакл во САД, финалето на НФЛ лигата, познат како Супербоул им припадна на фудбалерите на Сиетл, кои со 29-13 славеа против Њу Ингланд.

Во Санта Клара, Калифорнија, тие ги освоија првите поени од мечот во својот прв напад и го задржаа водството до крајот на натпреварот. Херои на победата се нивната „Темна страна“, одбраната што тренерот Мекдоналд ја тренираше одлично во текот на целата сезона.

За Сиетл ова е втор трофеј во историјата по оној во 2013 година, но и своевиден реванш за Патриотите за поразот во големото финале во 2015 година.

Од друга страна, екипата од Бостон го забележа својот шести пораз во 12. финале.

Првото полувреме мина со малку поени, а првиот тачдаун беше виден во третата четвртина за водство на Сиетл од 19-0. Во последниот период Њу Ингланд успеа да намали на 19-7 и да спречи катастрофа, но следуваше нов тачдаун за Сиетл и убедливи 29-7.

Кога веќе се беше решено, Патриотите успеаја да го ублажат поразот во последните моменти и да го постават конечниот резултат 29-13.

На полувремето од натпреварот во „Халфтајм шоу“, главна ѕвезда беше порториканскиот рапер и пејач Бед Бани, кој стана првиот латиноамерикански соло уметник кој го предводел „Халфтајм шоу“.

Повеќе
Израелските сили започнаа нов упад во сириската провинција Кунеитра, извршија рации во домови
Руската морнарица ќе ја пробие секоја блокада на танкерите од Западот
НАТО: Туркије е верен сојузник кој придонесува кон заедничката безбедност
Виткоф: Русија и Украина ќе продолжат да работат кон постигнување договор
Иран го затвори Ормускиот теснец заради воени вежби
Зеленски: Украина е подготвена брзо да се движи кон достоен мировен договор
Убиени 11 лица во три американски напади врз наводни бродови за дрога
Ердоган од Етиопија: Признавањето на Сомалиленд од страна на Израел не е од корист за никого
Аракчи задоволен по втората рунда преговори меѓу САД и Иран во Женева
Што значи израелската регистрација на земјиштето на окупираниот Западен Брег?
Сојузот на синдикатите на Македонија со блокада пред Владата, се најавува генерален штрајк во март
Мацут во Атина: Србија останува посветена на зајакнувањето на стратегиското партнерство со Грција
Штрајк на наставниците во Париз поради планираните намалувања на работни места
Околу 1.200 Израелци против законот за смртна казна за палестинските затвореници
Се формира голем евро-пацифички блок поради американските царини