СВЕТ
2 мин читање
Алтун: Про-израелските групи ги замолчуваат пропалестинските гласови
Притисокот на американската влада врз универзитетите, како и отстранувањето на поединци од САД како резултат на нивните мислења и активизам за Палестина, оди во спротивност со основните вредности што Америка ги застапуваше толку долго, смета Алтун.
Алтун: Про-израелските групи ги замолчуваат пропалестинските гласови
Алтун: Про-израелската група ги замолчува пропалестинските гласови со лажни обвинувања за антисемити / AA
29 март 2025

Шефот за комуникации при Претедателството на Туркије, Фахретин Алтун во објава на социјалната мрежа „Икс“ порака дека систематските напори на про-израелските групи да ги замолчат гласовите кои го почитуваат човечкиот живот и достоинство во Палестина со лажни обвинувања за антисемитизам се во пораст.

„Таквата активност сега стигна до некои од најугледните академски институции во САД, како што се Харвард, Колумбија, Тафтс и други“, напиша Алтун.

„Целиот свет беше сведок на геноцид во Палестина. Студентите, професорите и луѓето со совест го кренаа својот глас против етничкото чистење, окупацијата и војната. Сојузниците на владата на Нетанјаху на Запад се зафатија со лов на вештерки против таквата интелектуална храброст“, порача тој.

Притисокот на американската влада врз универзитетите, како и отстранувањето на поединци од САД како резултат на нивните мислења и активизам за Палестина, оди во спротивност со основните вредности што Америка ги застапуваше толку долго, смета Алтун и нагласува:

„Ние категорично го отфрламе секој обид да се прикаже пропалестинскиот активизам како антисемитизам. Под водство на претседателот Ердоган, ние секогаш се боревме против антисемитизмот, ксенофобијата и исламофобијата. Ние ќе продолжиме да го правиме тоа. Нема место за омраза во нашите општества.“

Во објавата шефот за комуникации на Туркије ги повика американските и европските академски институции да застанат против неразумните и екстремистички барања за таргетирање на странски студенти и научници врз основа на нивните мислења или активизам.

„Ова е време да се поддржат универзалните вредности без оглед на националното потекло на луѓето“, напиша Алтун.

„Ционистичките групи одамна препознаа дека ја загубија битката за срца и умови во очите на јавното мислење. Тие сега прибегнуваат кон замолчување на легитимната критика и мирниот активизам преку одвратни тактики.“

„Ако успеат, тоа ќе значи изневерување на основните човечки вредности. За среќа, има многу повеќе храбри души ширум светот кои ќе ја зборуваат вистината без разлика на цената. Правдата и мирот ќе надвладеат! Палестина ќе биде слободна!“, порача Алтун.

ИЗВОР:TRT Balkan MK
Повеќе
Уапсен убиецот на Чарлс Кирк, ФБИ го откри неговиот идентитет
Орбан: Членство во ЕУ базирано на заслуги, а не како гаранција за безбедност
Најмалку 23 убиени и десетици ранети Палестинци во денешнте израелски напади во Газа
ФБИ објави фотографии од осомничениот убиец на Чарли Кирк, нуди награда од 100.000 долари
Најмалку 3 загинати, 70 повредени во експлозија на цистерна за гас во Мексико Сити
Изгласан одбранбен буџет на САД од 900 милијарди долари од кои 400 мииони за Украина
Индија побара Русија да не регрутира нејзини државјани
Пакистанската армија тврди дека убила 19 осомничени милитанти
Бројот на жртви во насилните протести во Непал се искачи на 31
Падна електричната мрежа во Куба, прекини во снабдувањето со електрична енергија низ целиот остров
Сојузникот на Трамп и десничарски активист Чарли Кирк застрелан на Универзитетот Јута
Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен: „Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија“
Туркије, ЕУ, Франција, Германија, Велика Британија и Шпанија го осудија израелскиот напад на Доха
Трамп планира телефонски разгвоор со Путин оваа или на почетокот на следната недела
Ким Јонг Ун: Никој не може да го загрози статусот и безбедноста на Северна Кореја
Осум убиени Палестинци во новите израелски напади на Газа