| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Американски суд нареди ослободување на 615 лица приведени во акцијата против имиграцијата во Илиноис
Повеќе од 3.000 лица се уапсени и притворени откако администрацијата на Трамп преку Службата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) почна да ги спроведува законите за имиграција во јуни, соопштија адвокатите на обвинетите
Американски суд нареди ослободување на 615 лица приведени во акцијата против имиграцијата во Илиноис
Одделот за внатрешна безбедност ја осуди пресудата, истакнувајќи го падот на уличниот криминал во областа на Чикаго откако почнаа рациите / Reuters
13 ноември 2025

Федерален судија во среда наредил ослободување на 615 лица приведени во акцијата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп против имиграцијата во американската држава Илиноис.

Окружниот судија на САД, Џефри Камингс, застана на страната на адвокатите на тужителите - Националниот центар за имиграциска правда (НИЈЦ) и Американската унија за граѓански слободи (AЦЛLУ) - во ослободувањето на приведените од страна на Службата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) како дел од „Операцијата Мидвеј Блиц“.

AЦЛУ и НИЈЦ соопштија дека повеќе од 3.000 лица се уапсени и притворени откако администрацијата на Трамп започна со своите напори за спроведување на законите за имиграција во јуни.

Адвокатот на НИЈЦ, Марк Флеминг, им изјави на новинарите дека организацијата верува дека најмалку 1.100 од 3.000 уапсени лица доброволно ја напуштиле земјата, велејќи дека „се откажале“ од правната борба во своите случаи.

Камингс нареди ослободување на сите 615 притворени лица до 21 ноември, што се однесува на луѓе кои немаат задолжителни налози за притвор и не претставуваат значителна закана за заедницата.

Флеминг тврдеше дека агентите на ИЦЕ го прекршиле договорот од 2022 година со апсења без налог во областа на Чикаго.

Одделот за внатрешна безбедност (ДХС) ја осуди пресудата од среда.

„На секој чекор, активистичките судии, политичарите од засолништа и насилните бунтовници активно се обидуваа да ги спречат нашите службеници за спроведување на законот да ги апсат и отстранат најлошите од најлошите“, изјави портпаролката на ДХС, Триша Меклафлин.

„Сега активистичкиот судија директно ги загрозува американските животи со наредба за ослободување на 615 нелегални имигранти во заедницата.“

Според Флеминг, ДХС сè уште не објави дали планира да поднесе жалба на наредбата на судијата, но адвокатите на администрацијата на Трамп побарале одложување до следниот петок.

„Сето ова, сите тактики на агентот на граничната патрола Грегори Бовин, сите тактики на ИЦЕ беа нелегални во огромното, огромно мнозинство од апсењата“, додаде тој.

Бовино се појави како јавно лице на напорите на Трамп да спроведе масовни имиграциски рации со ИЦЕ во државите и градовите предводени од демократите, без оглед на тоа дали локалните власти ги сакаа таму.

Одлуката од среда доаѓа во услови на тензии меѓу администрацијата на Трамп и локалните власти околу расното профилирање и кршењето на уставните права во масовните апсења на наводни недокументирани имигранти.

Претставници на ИЦЕ изјавија дека „не го напуштаат Чикаго“, и покрај извештаите дека Бовино планира наскоро да го напушти градот.

Извештаите за потенцијалното заминување на Бовино дојдоа кратко откако тој лично беше повикан од судијката на американскиот окружен суд Сара Елис, која беше налутена што Бовино првично тврдеше дека употребил солзавец против демонстрантите само откако бил удрен со камен во главата, но подоцна призна дека нападот се случил откако била употребена сила.

„Обвинетиот Бовино призна дека лажел“, рече Елис на сослушувањето на 6 ноември кога издаде прелиминарна забрана со која се блокира употребата на сила против демонстрантите и новинарите.

Од ДХС, пак, истакнуваат дека е забележан пад на уличниот криминал во областа на Чикаго од почетокот на „Операцијата Мидвеј Блиц“ во септември.

Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина