| Macedonian
МАСИТ: Извозот на ИКТ услуги надмина 676 милиони евра во 2025 година
ИКТ индустријата останува една од ретките македонски индустрии што бележи континуиран раст на извозот и остварува значителен суфицит во трговската размена со светот.
МАСИТ: Извозот на ИКТ услуги надмина 676 милиони евра во 2025 година
МАСИТ: Извозот на ИКТ услуги надмина 676 милиони евра во 2025 година / AA
17 март 2026


Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги (ИКТ) од Северна Македонија во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година, покажуваат податоците на Народната банка.

ИКТ индустријата останува една од ретките македонски индустрии што бележи континуиран раст на извозот и остварува значителен суфицит во трговската размена со светот. Во 2025 година увозот на ИКТ услуги изнесувал 237 милиони евра, што значи дека нето позитивниот ефект за македонската економија достигнал 439 милиони евра.

Најголемиот дел од приходите доаѓаат од компјутерските услуги, чиј извоз во 2025 година достигнал 599,6 милиони евра.

Податоците дополнително ја нагласуваат тежината на ИКТ секторот во македонската економија. За споредба, во 2025 година извозот на храна од земјава изнесувал 564 милиони евра, додека извозот на железо и челик достигнал 496 милиони евра.

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ укажува дека извозот на ИКТ услуги бележи импресивен раст во изминатата деценија. Во 2016 година тој изнесувал околу 150 милиони евра, што значи дека за девет години е зголемен за повеќе од 351 проценти, односно повеќе од четири и пол пати.

Овој тренд покажува дека македонските компании се успешно позиционирани на глобалниот пазар и дека ИКТ индустријата има потенцијал, со соодветна државна стратегија, да стане еден од стратешките столбови на економијата, со значителни можности за понатамошна диверзификација, иновации и отворање нови работни места.

Според податоците на МАСИТ, во 2024 година во ИКТ индустријата во Северна Македонија работеле 2.921 компанија со близу 24.000 вработени.

Во последните пет години секторот бележи стабилен и конзистентен раст по сите релевантни економски индикатори. Периодот од 2020 до 2025 година се карактеризира со значително зголемување на бројот на компании, вработени и извозни приходи.

Според МАСИТ, овие резултати укажуваат на созревање на ИКТ индустријата – како во делот на професионализацијата и организациската структура на компаниите, така и во нивната конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ердоган му рече на Пезешкијан дека разговорите меѓу САД и Иран треба да обезбедат траен мир
Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
Моџтаба Хамени: Управувањето со Ормускиот Проток ќе влезе во нова фаза
Мерц: Нема да го ограничиме користењето на воените бази од страна на САД
Фидан: Да продолжи примирјето во Иран, можна е саботажа на Израел
Трамп со „ултиматум“ до европските сојузници за обезбедување на Хормускиот Проток
Иранска делегација отпатува за Пакистан на преговори со САД
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан
Русија и Украина разменија останки на загинати војници
Иран издава алтернативни транзитни правци во Ормускиот теснец поради страв од мини
Пезешкијан: Израелските напади врз Либан ќе ги направат преговорите со САД бесмислени
Турски брод за дупчење пристигна во Сомалија за прва мисија во длабоко море во странство
Иранска хакерска група тврди дека го пробила телефонот на поранешниот израелски началник на армијата
Дуран: НАТО мора да се трансформира за да се соочи со предизвиците на модерното структурно војување