ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Турчин ќе биде назначен за претседател на германската Федерална канцеларија за заштита на Уставот
Синан Селен се преселил во Германија кога имал четири години, а како експерт за антитероризам, тој од 2019 година ја извршува функцијата потпретседател на БфВ и познат е по стручноста за меѓународен тероризам и верски екстремизам
Турчин ќе биде назначен за претседател на германската Федерална канцеларија за заштита на Уставот
Селен ќе биде прв човек со имигрантско потекло што ќе предводи една од највисоките безбедносни институции во земјата / AA
пред 12 часа

Германија ќе го назначи Синан Селен за нов претседател на Федералната канцеларија за заштита на Уставот (БфВ), со што тој ќе стане прв човек со имигрантско потекло што ќе предводи една од највисоките безбедносни институции во земјата.

Според германскиот јавен сервис АРД, министерот за внатрешни работи Александер Добриндт треба да го објави именувањето денес, а сојузната Влада најверојатно ќе ја формализира одлуката во среда.

Селен, кој има 53 години, е роден во Истанбул, а со семејството се преселил во Германија кога имал четири години. Како експерт за антитероризам, тој од јануари 2019 година ја извршува функцијата потпретседател на БфВ и познат е по стручноста за меѓународен тероризам и верски екстремизам.

По завршувањето на студиите по право на Универзитетот во Келн, Селен ја започнал кариерата во областа на безбедноста во 2000 година во Сојузната криминалистичка служба (БКА).

Од 2006 до 2009 година го водел Одделот за странски тероризам и странски екстремизам во Сојузното министерство за внатрешни работи, пред да премине во БфВ.

Селен ќе го наследи Томас Халденванг, кој во ноември 2024 година поднесе оставка за да се кандидира за пратеничко место во редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларот Фридрих Мерц.

Неговите политички амбиции, сепак, завршија без успех бидејќи не успеа да освои мандат на општите избори што се одржаа во февруари.

Повеќе
„Türkiye Innovation Week 2025“ фокусиран на трансформацијата на вештачката интелигенција
Турксел меѓу најдобрите компании во светот на листата TIME 2025
Милатовиќ - Фидан: Ново поглавје во соработката меѓу Црна Гора и Туркије
Ердоган и катарскиот емир Шеик Тамим разговараа за нападот на Израел врз Доха
Ердоган: Владата на Нетанјаху целосно излезе од колосек
Туркије го осудува израелскиот геноцид во Газа и повикува на итна глобална акција
Двајца полицајци убиени во вооружен напад врз полициска станица во западна Туркије
Туркије упати честитки по повод 34-годишнината од независноста на Северна Македонија
Туркије ќе го надмине францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ со својот нов носач на авиони
Коридорот Зангезур, вековна артерија помеѓу ривалството и флексибилноста
Започна масовното производство на турскиот тенк Алтај
Семејството на Ајшенур Езги Ејги бара одговорност откако беше убиена од израелската армија пред една
Туркије ги отфрла извештаите на израелските медиуми за заговор за атентат врз израелски министер
Туркије трета во Европа по бројот на копнени ветрени фарми во првата половина од годинава
Ердоган: Туркије никогаш нема да молчи за угнетувањето на Нетанјаху во Палестина
Ердоган: Туркије и Сирија нема да дозволат немири додека Анкара се залага за мир и соработка