ПОЛИТИКА
2 мин читање
„Ваквите политики ќе ги чинат Американците“, возврати Шпанија на заканите на Трамп со царини
„Трговскиот биланс меѓу Шпанија и САД е во дефицит за Шпанија, што значи дека овие политики ќе им наштетат на самите Американци“, рече Дијас
„Ваквите политики ќе ги чинат Американците“, возврати Шпанија на заканите на Трамп со царини
„Ваквите политики ќе ги чинат Американците“, возврати Шпанија на заканите на Трамп со царини
15 октомври 2025

Шпанската Влада денес остро реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе воведе царини за Шпанија доколку не го зголеми трошокот за одбраната, предупредувајќи дека таквата политика ќе ги чини самите Американци, јавува Анадолу.

Заменик-премиерката на Шпанија, Јоланда Дијаз, зборувајќи во Парламентот, изјави дека „намерната казна“ што американскиот претседател сака да ја наметне на Шпанија „ќе биде многу скапа за Американците“.

„Трговскиот биланс меѓу Шпанија и САД е во дефицит за Шпанија, што значи дека овие политики ќе им наштетат на самите Американци“, рече Дијас, пренесе шпанската јавна радиотелевизија РТВЕ.

Нејзините изјави дојдоа по најновата закана од Трамп дека ќе воведе царини за Шпанија поради одбивањето да го зголеми буџетот за одбраната во рамки на НАТО.

„Многу сум незадоволен од Шпанија. Тоа е единствената земја што не го зголеми својот број на 5 %... така што, не сум среќен со Шпанија“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа.

Дијаз додаде дека Владата мора да ги брани нафтената и автомобилската индустрија, како и другите погодени сектори, нагласувајќи:

„Во Шпанија, Шпанците одлучуваат. Ние не сме ничиј протекторат.“

Во меѓувреме, шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес ја потврди посветеноста на земјата кон НАТО и нејзиниот придонес за евроатлантската безбедност, опишувајќи ја како „вон секое сомнение“.

„Шпанија е сигурен сојузник“, рече Албарес во изјава за новинарите во Кина, додавајќи дека шпанското присуство на источниот фронт на Европа е „фундаментално“ за безбедноста на регионот.

Министерката за наука, Дијана Морант, пак, изјави дека Трамп „често дава вакви изјави“, но дека „најважно е што неодамна, при средбата со премиерот Педро Санчез, беше прилично љубезен“.

Повеќе
Анализа: Нема докази за поврзаност на аутизам со употреба на Тиленол во бременост
Салвини: Мигрантите што не ги почитуваат правилата да „си заминат“ од Италија
ЕУ „континуирано работи на нови начини“ за зголемување на притисокот врз Русија
Oстатоци од руски дрон паднале во Романија по ноќешниот нападот врз Украина
Германија ќе развива „Сајбер купола“ за одбрана од дигитални закани
Американскиот Сенат усвои закон за ставање крај на најдолгото затворање на владата
Трамп по средбата со Ал Шара: САД ќе направат сè што можат за Сирија да биде успешна
Сирискиот претседател Ал Шара е во историска посета на САД
Израел: За борците на Хамас во Рафа ќе се одлучува заедно со САД
Комеморативна церемонија за Ататурк се одржа во земјите на Балканот
Тајланд го суспендираше мировниот договор со Камбоџа по експлозија на мина
Нетанјаху и Кушнер разговараа за втората фаза од договорот за примирје во Газа
Туск: Проруските петтоколонаши може да ја уништат Европската Унија
Кремљ: Лавров активно работи како министер за надворешни работи
Сенатот постигна привремен договор, американската влада излегува од блокадата
Колумбија: На самитот Латинска Америка- ЕУ со Декларација отфрлена употребата на сила на Карибите
Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради скандалот со монтираните снимки од Трамп
Поранешниот јужнокорејски претседател Јун обвинет за „однесување во корист на непријателот“
Гаши во Туркије ја прими Глобалната награда за дипломатија
Турскиот министер за надворешни работи утре во посета на САД