| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
„Тие го нагласија силниот потенцијал за унапредување на соработката во низа сектори и за продолжување на меѓусебната поддршка во различни мултилатерални формати.“
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата / AA
4 декември 2025

На маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, имаше средба со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Како што истакна Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, двајцата министри изразиле задоволство од динамичната билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Унгарија, како и од континуираниот политички дијалог на високо ниво.

„Тие го нагласија силниот потенцијал за унапредување на соработката во низа сектори и за продолжување на меѓусебната поддршка во различни мултилатерални формати. Беше потенцирана подготвеноста на двете држави за натамошно интензивирање на соработката во претстојниот период“, се вели во соопштението.

Се додава дека било поздравено и неодамнешното одржување на петтата седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу двете држави, како значаен механизам за зајакнување на билатералната соработка во повеќе области.​​​​​​​

Разговорите опфатија и теми поврзани со актуелните случувања во регионот и Европа, партнерството во рамките на НАТО и процесот на членство во Европската Унија, при што била истакната значајната поддршка што Унгарија ѝ ја обезбедува на Северна Македонија во овој процес.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Немало разузнавачки информации дека Иран прв ќе нападне, му соопштил Пентагон на Конгресот
Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран за време на воздушните напади
Трамп: Нападите врз Иран би можеле да траат четири недели или помалку
„Ер Франс“ ги продолжува суспензиите на летовите кон Блискиот Исток до вторник
Кувајтско министерство за одбрана: Се урнале неколку американски воени авиони
Израелската армија врши рација во бегалски камп на Западниот Брег, евакуира домови за воена употреба
Ердоган со интензивна дипломатска мисија околу тензиите поврзани со Иран
Аракчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната
Иран испали балистички ракети кон Израел, 9 мртви во Беит Шемеш, 12 убиени низ целата земја
Најмалку 31 лице загина во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Претседателот на Иран објави дека иранските сили ќе продолжат да ги напаѓаат непријателските бази
ЦЕНТКОМ: Тројца американски војници загинаа, петмина тешко ранети во операцијата против Иран
Израелската армија започна нов бран напади врз иранскиот главен град