| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
„На крајот од разговорите беше договорено да се фокусираме на интензивен и непосреден напор што ќе доведе до целосно завршување на мисијата во врска со заложниците и исчезнатите“, објави канцеларијата на израелскиот премиер
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа / Reuters
5 декември 2025

Израелска делегација во Египет се состана со медијаторите за договорот за прекин на огнот во Газа, разговарајќи за враќањето на последниот израелски заложник од енклавата, известува Анадолу.

Во соопштението од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху се вели дека делегацијата, предводена од националниот координатор за заложници и исчезнати Гал Хирш, разговарал со медијаторите за враќањето на телото на израелскиот војник Ран Гвили од Газа, според договорот за прекин на огнот.

„На крајот од разговорите беше договорено да се фокусираме на интензивен и непосреден напор што ќе доведе до целосно завршување на мисијата во врска со заложниците и исчезнатите“, објави канцеларијата на израелскиот премиер.

Немаше непосреден коментар од Египет или од други посредници за израелската изјава.

Договорот за прекин на огнот е на сила во Газа од 10 октомври, со посредство на Турција, Египет и Катар, поддржан од САД.

Првата фаза од договорот вклучува ослободување на израелските заложници во замена за палестински затвореници. Планот, исто така, предвидува обнова на Газа и воспоставување нов управувачки механизам без Хамас.

Израел го поврзува почетокот на преговорите за започнување на втората фаза од договорот за прекин на огнот со примањето на телата на сите свои заробеници. Тврди дека останките на еден израелски заробеник сè уште се во Газа, а Хамас вели дека ги предал сите 20 израелски заложници што биле живи и останките на сите 28 починати.

Израел уби повеќе од 70.000 Палестинци, повеќето жени и деца, а повреди речиси 171.000 во нападите врз Газа од октомври 2023 година.


Повеќе
Немало разузнавачки информации дека Иран прв ќе нападне, му соопштил Пентагон на Конгресот
Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран за време на воздушните напади
Трамп: Нападите врз Иран би можеле да траат четири недели или помалку
„Ер Франс“ ги продолжува суспензиите на летовите кон Блискиот Исток до вторник
Кувајтско министерство за одбрана: Се урнале неколку американски воени авиони
Израелската армија врши рација во бегалски камп на Западниот Брег, евакуира домови за воена употреба
Ердоган со интензивна дипломатска мисија околу тензиите поврзани со Иран
Аракчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната
Иран испали балистички ракети кон Израел, 9 мртви во Беит Шемеш, 12 убиени низ целата земја
Најмалку 31 лице загина во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Претседателот на Иран објави дека иранските сили ќе продолжат да ги напаѓаат непријателските бази
ЦЕНТКОМ: Тројца американски војници загинаа, петмина тешко ранети во операцијата против Иран
Израелската армија започна нов бран напади врз иранскиот главен град