| Macedonian
Фон дер Лајен го објави планот „Една Европа, еден пазар“ и одбраната на ETС
ЕК во март ќе претстави детален план за понатамошен развој на единствениот пазар од 450 милиони потрошувачи, вклучително и Унија на пазарот на капитал што би овозможила попродуктивно користење на околу 10 билиони евра заштеди
Фон дер Лајен го објави планот „Една Европа, еден пазар“ и одбраната на ETС
Aкциониот план содржи пет клучни области - административно поедноставување, единствен пазар, енергија, дигитализација и трговија / Reuters
13 февруари 2026

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека на следниот формален самит на Европската унија во март, ќе го претстави акциониот план „Една Европа, еден пазар“, со детални рокови и цели за зајакнување и обединување на европската економија, додека во исто време оцени дека Европскиот систем за трговија со емисии (ETС) има јасни предности и механизми за контрола на цената на јаглеродот.

Фон дер Лајен на прес-конференцијата по самитот на лидерите на ЕУ изјави дека акциониот план содржи пет клучни области - административно поедноставување, единствен пазар, енергија, дигитализација и трговија.

Во март, комисијата ќе претстави детален план за понатамошен развој на единствениот пазар од 450 милиони потрошувачи, вклучително и Унија на пазарот на капитал што би овозможила попродуктивно користење на околу 10 билиони евра заштеди што моментално се наоѓаат на банкарски сметки, објави Ројтерс.

Зборувајќи за ETС, претседателката на ЕК нагласи дека системот има елементи што овозможуваат модулација на цената на јаглеродот во случај на негов прекумерен раст или неповолни економски околности, преку таканаречената „резерва за стабилност на пазарот“.

Таа додаде дека ЕУ детално ќе ги разгледа овие елементи во рамките на планираниот преглед на ETС, кој е закажан за третиот квартал од оваа година, за системот да остане ефикасен и прилагодлив на актуелните економски и климатски предизвици.

Европските лидери се состанаа во четврток на неформален самит во комплексот Алден Бизен во белгиската покраина Лимбург, а фокусот на разговорот беше конкурентноста на европската економија.

Еден ден претходно, на индустрискиот самит во Антверпен, претставниците на европската индустрија ги презентираа своите приоритети пред врвните претставници на ЕУ, барајќи пониски цени на енергијата, намалени регулаторни оптоварувања и посилна конкурентност во однос на Кина и САД.

Повеќе
Зеленски: Подготвени сме за мир и разграничување по линијата на фронтот, но не на нови ултиматуми
Вотрен: Европско НАТО да има поголема улога во одбраната на континентот
Ирското претседателство на ЕУ со приоритет на односите со САД
Европа бара нови платни системи за да ја намали зависноста од САД
ЕУ ја додава Иранската револуционерна гарда на листата на терористи, замрзнува средства
Муцунски - Нејнски: Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да бидат водени од добрососедството и конструктивната соработка
Лавров ја потврди поддршката за преговари во услови на тензии меѓу САД и Иран
Путин го назначи Сергеј Вершинин за нов руски амбасадор воТуркије
Трамп размислувал да си го додели Конгресниот медал на честа за посета на Ирак во 2018
Туркије може да помогне да се претворат климатските ветувања во акција на COP31
Германскиот министер за надворешни работи предупредува против тоа Европа да се оддалечи од САД
Фидан: Туркије е подготвена да придонесе за Газа „на секој можен начин“
Одборот за мир го претстави планот за повоена Газа: Обновата на енклавата почнува во Рафах
Ердоган: Туркије ги неутрализира заканите на нивниот извор надвор од своите граници
Северна Кореја распоредува 50 нови лансери за нуклеарни ракети