| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Ердоган: Туркије и Грција имаат значителен потенцијал за соработка во сите области
Егејското Море и источниот Медитеран треба да станат региони на стабилност и просперитет, му порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на својот грчки колега Константинос Тасулас
Ердоган: Туркије и Грција имаат значителен потенцијал за соработка во сите области
Ердоган: Туркије и Грција имаат значителен потенцијал за соработка во сите области / َAA
 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во саботата изјави дека Туркије и Грција имаат значителен потенцијал за соработка во сите области, истакнувајќи ги напорите на Анкара за унапредување на позитивната агенда меѓу двете земји.

Ердоган се сретна со својот грчки колега Константинос Тасулас во претседателската канцеларија Долмабахче во Истанбул, каде што двајцата лидери разговарале за билатералните односи, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Туркије.

За време на средбата, Ердоган ја нагласил важноста од решавањето на прашањата поврзани со малцинствата, кои се дел од заедничкото наследство на двете земји, пред сè од хуманитарен аспект.

Тој истакнал дека Туркије сака Грција да возврати со истиот конструктивен пристап кон прашањата поврзани со малцинствата, додавајќи дека таквиот став би придонел за позитивен развој на билатералните односи.

Ердоган нагласил дека Туркије нема никакви резерви во однос на претворањето на Егејското Море во море на мирот, додавајќи дека Егејското Море и источниот Медитеран треба да станат региони на стабилност и просперитет, се наведува во соопштението на Дирекцијата.

Средбата, која се одржа зад затворени врати, траела околу 35 минути.

На средбата присуствувале и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, директорот на Дирекцијата за комуникации при Претседателството, Бурханетин Дуран, како и главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност, Акиф Чагатај Ќилич.

ИЗВОР:َAA
Повеќе
Белгиските издавачи бараат ознака „без ВИ“ за сертифицирање на книги создадени од човек
Широка-Пула: Европската интеграција не може да биде селективна
Академикот Радомир Саичиќ е кандидат на Студентската листа за претседател на Србија
Вработените во „Амазон“ штрајкуваат и протестираат во над 20 земји на „Црн петок“
Прва меѓународна посета на Александар Чупиќ по изборот за спикер на српското Собрание
Во Охрид фокусот на регионалната дипломатија -  Започна средбата на Процесот Брдо-Бриони
Туркије и Русија ја потврдија целта за билатерална трговија од 100 милијарди долари
Мелони нема да го потпише буџетот на ЕУ под сегашните услови
Зеленски: Нападите врз руски бродови ги координираме со земјите партнери
Трамп рече дека „победата е на дофат“ во Иран, го повика Техеран да постигне договор
Новинската агенција „Франс прес“ погодена од сајбер напад
Туркије го суспендира ослободувањето од визи за црногорските државјани со обични пасоши
Русија ја продолжи забраната за извоз на авионско гориво до март 2027 година
Известувачката на ОН, Албанезе, ја осуди одлуката на Костарика да не ѝ дозволи влез во земјата
Мерц најави предвремен крај на самитот на ЕУ за буџетот поради длабоки поделби