Русија денес ја продолжи забраната за извоз на авионско гориво, вклучително и продажбата преку берзанско тргување, до 31 март 2027 година.
Ограничувањето стапува на сила на 1 декември и има цел да ја одржи стабилноста на домашниот пазар на горива, се наведува во соопштението на Владата.
Тековната забрана, воведена во јуни, истекува на 30 ноември.
Кон крајот на октомври Москва, исто така, ја продолжи до 31 јануари 2027 година привремената забрана за извоз на дизел и бродско гориво, како и на гасно масло од страна на директните производители.
Овие мерки се донесени во услови на украински напади врз руските рафинерии за нафта, поради кои за неколку погони мораше да се направи ремонт, а во одредени региони беа воведени и ограничувања во продажбата на гориво.
Претходно Москва воведе ограничувања за извоз на бензин и дизел, со цел да обезбеди доволни количества за домашниот пазар.
Сепак, Владата делумно ја ублажи забраната за извоз на дизел еден ден по постигнувањето договор со САД на 9 октомври, дозволувајќи првично испорака на 500.000 метрички тони дизел на меѓународниот пазар.













