| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Во Собранието одбележан Светскиот ден на детето
Во фокусот на дискусијата беа детските права, предизвиците и можностите што ги носи дигиталниот свет, влијанието на социјалните медиуми, употребата на вештачката интелигенција, како и важноста на меѓусебната почит
Во Собранието одбележан Светскиот ден на детето
Во Собранието одбележан Светскиот ден на детето / Other
 

Денеска, во Собранието, се одржа едукативен настан во организација на Парламентарниот институт, под мотото „Моите права, мојата иднина – детските права во дигиталниот свет“.

На настанот присуствуваа пратениците Драгана Бојковска, Бојан Стојаноски, Емилија Ангелова и Славјанка Петровска, како и директори, наставници и ученици од трите основни училишта од Општина Илинден: ООУ „Ристо Крле“, ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Браќа Миладиновци“.

Меѓу присутните беше и претставник на УНИЦЕФ во Северна Македонија. Настанот го отвори Даниел Ѓоќески, во улога на модератор, кој ги поздрави присутните пратеници, директорите, наставниците, учениците и претставникот на УНИЦЕФ, ги запозна со програмата и текот на настанот и им посака успешна работа.

Поздравно обраќање имаше пратеничката и претседателка на Клубот за младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која се осврна на значењето на детските права и обврски, како и на улогата и надлежностите на Собранието.

Свои обраќања имаа и директорите на трите основни училишта, како и претставникот на УНИЦЕФ. Во продолжение на настанот беше реализирана симулација на седница на Детскиот парламент, во која учениците активно учествуваа во дебата и ги споделија своите ставови и размислувања за прашања од особено значење за нивното секојдневие.

Во фокусот на дискусијата беа детските права, предизвиците и можностите што ги носи дигиталниот свет, влијанието на социјалните медиуми, употребата на вештачката интелигенција, како и важноста на меѓусебната почит, одговорната комуникација и безбедното однесување на социјалните мрежи.

Во завршниот дел од настанот, во дебатата се вклучија и присутните пратеници, кои од свои лични и професионални перспективи ги споделија своите размислувања и ставови за прашањата и темите што претходно ги отворија учениците.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Во израелски напади во Газа загинаа 5 Палестинци, меѓу кои и заменик-министерот за образование
Јужнокорејскиот суд го потврди ослободувањето на соборениот претседател од обвинение за кривоклетсво
Ирак ги демантира извештаите за движење на војници кон курдскиот регион
ОПЕК ја обвинува ЕУ за неуспехот на КОП31
Партијата Ликуд на Нетанјаху официјално ги оспори изборните резултати на 120 избирачки места
САД го повикaа Нетанјаху да ги почитува обврските од мировниот план за Газа
Москва демантира дека во војната со Украина загинале околу 500.000 руски војници
Трамп најавува нови тарифи и покрај поразот на средномандатните избори
Криза во израелската опозиција- Демократите на Голан ги прекинаа преговорите со мандатарот Ајзенкот
Туркије ја прошири железничката мрежа за 30% за 25 години, воведува повеќе брзи железнички линии
Протести во повеќе од 60 градови во Грција
Италија го осуди украинскиот напад врз руски бродови во либиските води
Во Белград уапсен сопственикот на таблоидот Информер, Драган Вучиќевиќ
Ердоган: Процесот за Туркије ослободена од тероризам нуди историска можност
Мерц: Европејците ќе направат сè за да ѝ ги покажат границите на Москва