| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Москва демантира дека во војната со Украина загинале околу 500.000 руски војници
Само Министерството за одбрана на Русија може официјално да објавува податоци за мртвите, предлагам да ги игнорираме сите други податоци, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков по извешаите во медиуми добиени од хакирани податоци на Росстат
Москва демантира дека во војната со Украина загинале околу 500.000 руски војници
Според податоците, само за време на битката за украинскиот град Покровск руската армија изгубила повеќе од 100.000 војници / AP (Wire)
 

Москва негира дека речиси половина милион руски војници загинале од почетокот на инвазијата на Украина, според статистиката на руската влада што протекла по хакерски напад.

Тие беа анализирани од Би-Би-Си и Медиазона.

Москва официјално не ги објави своите загуби од есента 2022 година, кога призна дека има околу шест илјади мртви. Повеќе од пет илјади странци се бореле на руска страна, не сметајќи ги волонтерите од Северна Кореја.

Би-Би-Си предупредува дека податоците не се конечни.

„Само Министерството за одбрана на Русија може официјално да објавува податоци за мртвите. Предлагам да ги игнорираме сите други податоци“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Протечените податоци од руската државна статистичка агенција Росстат покажуваат дека, според официјалните податоци, над 450.000 Руси загинале во војната во Украина, што ја прави оваа војна четврта најчеста причина за смрт во Русија од 2022 година.

Податоците станаа јавни откако хакерските групи Беларус Сајбер Партизанс и Сајлент Кроу извршија кибернапад врз Росстат на 29 октомври и 1 ноември и успеаја да преземат податоци за руската економија, демографијата и воените загуби.

Станува збор за групи кои се забранети во Русија како „екстремистички организации“.

Според податоците, само за време на битката за украинскиот град Покровск, јужно од таканаречениот појас на утврдувања во регионот Донецк, руската армија изгубила повеќе од 100.000 припадници на нејзините вооружени сили.

Податоците на Росстат покажуваат дека војната во Украина е најсмртоносниот конфликт на Русија од Втората светска војна, далеку надминувајќи ги 13.000 советски војници убиени во деветгодишната советско-авганистанска војна.

Повеќе
Јужнокорејскиот суд го потврди ослободувањето на соборениот претседател од обвинение за кривоклетсво
Ирак ги демантира извештаите за движење на војници кон курдскиот регион
ОПЕК ја обвинува ЕУ за неуспехот на КОП31
Партијата Ликуд на Нетанјаху официјално ги оспори изборните резултати на 120 избирачки места
САД го повикaа Нетанјаху да ги почитува обврските од мировниот план за Газа
Москва демантира дека во војната со Украина загинале околу 500.000 руски војници
Трамп најавува нови тарифи и покрај поразот на средномандатните избори
Криза во израелската опозиција- Демократите на Голан ги прекинаа преговорите со мандатарот Ајзенкот
Туркије ја прошири железничката мрежа за 30% за 25 години, воведува повеќе брзи железнички линии
Протести во повеќе од 60 градови во Грција
Италија го осуди украинскиот напад врз руски бродови во либиските води
Во Белград уапсен сопственикот на таблоидот Информер, Драган Вучиќевиќ
Ердоган: Процесот за Туркије ослободена од тероризам нуди историска можност
Мерц: Европејците ќе направат сè за да ѝ ги покажат границите на Москва
Лавров смета дека ЕУ има „несериозен пристап“ во решавање на украинскиот конфликт