| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Партијата Ликуд на Нетанјаху официјално ги оспори изборните резултати на 120 избирачки места
Во меѓувреме, партијата Јашар на мандатарот Гади Ајзенкот, го обвинуви Ликуд дека се обидува да ги делегитимира изборните резултати и да ја негира волјата на народот
Партијата Ликуд на Нетанјаху официјално ги оспори изборните резултати на 120 избирачки места
Од Ликуд тврдат дека имало неправилности на десетици избирачки места во арапски градови / AFP (Wire)
 

Партијата Ликуд на израелскиот премиер во заминување, Бенјамин Нетанјаху, доцна во средата официјално ги оспори изборните резултати, барајќи повторување на гласањето на 120 избирачки места, пренесуваат медиумите.

Весникот Једиот Ахронот објави дека Ликуд поднел жалба до Окружниот суд во Ерусалим, кој постапува во својство на Управен суд, со барање да се поништат резултатите од 120 избирачки места и да се наложи ново гласање на тие локации.

Весникот Хаарец наведува дека партијата „поднела писмени изјави под заклетва во кои се тврди дека имало неправилности на десетици избирачки места во арапските градови, при што во повеќето случаи станува збор за пренесување податоци за идентитетот на гласачите, што е спротивно на одлуките на Централната изборна комисија и на Врховниот суд“.

„Во жалбата не се приложени докази за изборен поткуп или за широко распространети измами“, се додава во текстот.

Хаарец цитира неименуван извор од Ликуд, кој вели дека партијата е свесна оти нема докази за системска измама или купување гласови, па затоа го насочува оспорувањето главно кон начинот на евидентирање на идентитетот на гласачите и користењето на тие податоци во апликации наменети за поттикнување на луѓето да излезат на гласање.

Според весникот, претставници на Централната изборна комисија сметаат дека, дури и да се докажат наводите, тоа не би претставувало правна основа за поништување на резултатите на тие избирачки места.

Како одговор на жалбата, партијата Јашар на Гади Ајзенкот го обвини Ликуд дека се обидува да го поткопа легитимитетот на изборните резултати.

„Оние што сакаат вистинско единство не водат постојана кампања за делегитимирање на демократските изборни резултати, ниту пак инсистираат на негирање на волјата на народот“, изјавија од Јашар, пренесува Једиот Ахронот.

Ајзенкот има рок до 6 декември да формира влада, врз основа на мандатот што му го додели претседателот Исак Херцог.

Овој рок може да се продолжи за дополнителни 14 дена.

Повеќе
Јужнокорејскиот суд го потврди ослободувањето на соборениот претседател од обвинение за кривоклетсво
Ирак ги демантира извештаите за движење на војници кон курдскиот регион
ОПЕК ја обвинува ЕУ за неуспехот на КОП31
Партијата Ликуд на Нетанјаху официјално ги оспори изборните резултати на 120 избирачки места
САД го повикaа Нетанјаху да ги почитува обврските од мировниот план за Газа
Москва демантира дека во војната со Украина загинале околу 500.000 руски војници
Трамп најавува нови тарифи и покрај поразот на средномандатните избори
Криза во израелската опозиција- Демократите на Голан ги прекинаа преговорите со мандатарот Ајзенкот
Туркије ја прошири железничката мрежа за 30% за 25 години, воведува повеќе брзи железнички линии
Протести во повеќе од 60 градови во Грција
Италија го осуди украинскиот напад врз руски бродови во либиските води
Во Белград уапсен сопственикот на таблоидот Информер, Драган Вучиќевиќ
Ердоган: Процесот за Туркије ослободена од тероризам нуди историска можност
Мерц: Европејците ќе направат сè за да ѝ ги покажат границите на Москва
Лавров смета дека ЕУ има „несериозен пристап“ во решавање на украинскиот конфликт