| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 мин читање
Ердоган: Процесот за Туркије ослободена од тероризам нуди историска можност
Ердоган повикува да се избегнуваат провокации и политички спорови што ги поткопуваат напорите за решавање на деценискиот проблем на земјата.
Ердоган: Процесот за Туркије ослободена од тероризам нуди историска можност
Erdogan / AA
 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека процесот „Туркије без тероризам“ претставува историска можност за трајно решавање на 40-годишниот проблем на земјата.

„Пред Туркије се отвори историска можност трајно да го реши својот 40-годишен проблем“, рече Ердоган, говорејќи на настан во Анкара.

Проектот „Туркије без тероризам“, започнат кон крајот на 2024 година, има за цел да стави крај на четиридеценискиот вооружен конфликт на ПКК против Туркије, преку распуштање и разоружување на оваа терористичка организација. ПКК претходно ја објави својата одлука да го положи оружјето и да ги напушти своите засолништа во северен Ирак.

Ердоган изјави дека безбедносните и разузнавачките служби совесно ги извршуваат своите задачи и дека процесот се спроведува во согласност со законот.

„Не сакаме да оставиме ни најмал простор за злоупотреба или провокација“, додаде тој.

Тој нагласи дека владата го следи процесот со грижата на мајка која бдее над своето дете, истакнувајќи дека целта е зајакнување на мирот, безбедноста и развојот.

Ердоган изрази желба да се стави крај на страдањата предизвикани од тероризмот, особено кај семејствата кои изгубиле свои блиски.

„Сакаме... мајките, татковците и децата повеќе да не леат солзи. Не сакаме млади луѓе, полни со потенцијал и во најдобрите години од животот, да бидат покосени како млади фиданки, пред воопшто да имаат шанса да пораснат“, рече тој.

Тој додаде дека целта на Туркије е да изгради иднина ослободена од тероризмот и неговите пошироки последици.

„Сакаме да го крунисаме ’Векот на Туркије‘, прво со ’Туркије без тероризам‘, а потоа и со регион ослободен од тероризам“, рече Ердоган.

Тој исто така предупреди да не се дозволи внатрешните политички спорови да ја поткопаат оваа иницијатива.

„Никој нема право внатрепартиските борби за моќ да ги претвори во товар за овој процес, да го префрли нивниот терет врз него или да ги стави пред неговите цели“, рече тој.

Владејачката „Народна алијанса“ нема да дозволи овој процес да биде прокоцкан или жртвуван заради лични интереси, додаде тој.

Падови на воени хеликоптери

Одделно, Ердоган изјави дека се покренати истраги за падовите на воени хеликоптери во Малатја и Ескишехир, кои се случија во временски интервал од само 12 дена.

„Покренати се истраги за овие две трагични несреќи, кои се случија со разлика од само 12 дена. Увидите и испитувањата ќе се спроведат на начин што нема да остави простор ниту за најмал сомнеж“, рече тој.

Овие изјави доаѓаат откако, во рок од 12 дена, во Туркије се случија две несреќи со воени хеликоптери, во кои загинаа девет припадници на вооружените сили.

Петмина припадници на воздухопловните сили загинаа кога хеликоптер од типот „АС-532“ се урна за време на тренажен лет, откако полета од Ескишехир во вторникот.

Претходно, четворица воени лица загинаа кога хеликоптер од типот „С-70“ се урна во источната провинција Малатја.

Повеќе
Во Истанбул започна 12. издание на Светскиот самит за халал стопанство и Халал експо
Во Брисел самит на ЕУ и Западен Балкан, главна тема е постепената интеграција
Фон дер Лајен најави силен европски тим на следната рунда преговори за Украина
Кибер напад откри некласифицирани податоци од ЦИА и американското разузнавање
Трамп помилува две мисирки по повод Денот на благодарноста
Кина и Камбоџа започнаа 15-дневна заедничка воена вежба
Хутите изведоа напади врз финансискиот кварт во Ријад и нафтена рафинерија
Трамп може да војува со Иран додека демократите не го сменат буџетот
Израел го прекршил примирјето во Газа 6.405 пати и убил 1.690 Палестинци
Ен-Би-Си њуз: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз високи ирански функционери
Путин: Одговорот на Русија на украинските напади врз рафинериите за нафта е неизбежен
Петмина загинати во пад на турски воен хеликоптер за време на лет за обука
На државите им е дозволено да враќаат мигранти инструментализирани од други земји, пресуди ЕСЧП
ОН: Околу 47.000 жени и девојки убиени од интимни партнери или членови на семејството во 2025 година
Гаши од Загреб: Бараме гаранции дека повеќе нема да ни биде блокиран патот кон ЕУ