Самит на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан се одржува денеска во Брисел, а главните теми треба да бидат постепената интеграција, Планот за раст, миграцијата, борбата против трговијата со луѓе и усогласувањето со визната политика на Унијата.
На самитот чиј домаќин е претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да се истакне стратешката важност на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан, а треба да се нагласи и важноста на регионалната соработка, добрососедските односи и помирувањето.
Кошта претходно истакна дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и дека приклучувањето кон регионот е приоритет, заедничка амбиција и клучна геополитичка инвестиција.















