| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Гаши на средба со Милановиќ: Хрватска е наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО
Претседателот на Собранието Африм Гаши во Загреб остварил средба и со претседателот на хрватскиот Парламент, Гордан Јандроковиќ, како и со министерката за регионален развој и фондови на ЕУ на Република Хрватска, Наташа Микуш Жигман
Гаши на средба со Милановиќ: Хрватска е наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО
Ја потврдивме нашата посветеност на зајакнување на соработката и пријателството меѓу двете земји, рече Гаши / Others
 

Претседателот на Собранието Африм Гаши, за време на официјалната посета на Загреб оствари средба со претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, на која е разговарано за билатералните односи, стратегиското партнерство, соработката во рамките на НАТО и поддршката на Хрватска за европската интеграција на Северна Македонија.

Гаши преку објава на платформата на социјални мрежи Х посочи дека со хрватскиот претседател разговарале за можностите за натамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји.

„Ја истакнав важноста на Хрватска како стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО, како и нејзината улога во поддршката на европската интеграција на Северна Македонија. Во тој контекст, ја потврдив нашата посветеност на европските вредности, реформите и членството во ЕУ. Разговаравме и за можностите за проширување на соработката во различни области од заеднички интерес. Посебно внимание посветивме и на нашите граѓани кои живеат и работат во Хрватска, а кои претставуваат важен мост на поврзување меѓу двете држави и придонесуваат за зајакнување на нашето пријателство“, напиша Гаши.

Тој му се заблагодарил на претседателот Милановиќ за гостопримството и отворената размена на мислења, со уверување дека партнерството ќе продолжи да се развива во духот на сојузништвото, довербата и заедничките интереси.

Гаши се сретна и со претседателот на хрватскиот Парламент, Гордан Јандроковиќ.

Во објавата на X, Гаши истакна дека на средбата биле потврдена посветеноста на двете земји за натамошно зајакнување на парламентарната и билатералната соработка.

„Разговаравме за предизвиците, напредокот во реформите и нашиот процес на интеграција во ЕУ, при што високо ја оценив континуираната и принципиелна поддршка од Хрватска. Истакнав дека хрватското искуство останува значајна вредност за нашиот европски пат. Му се заблагодарив на Јандроковиќ за топлото гостопримство, нагласувајќи дека пријателството, довербата и партнерството меѓу нашите две земји се цврста основа за градење нови мостови на соработка, во интерес на нашите граѓани и на стабилен и целосно интегриран регион во европското семејство“, рече Гаши.

Спикерот на македонското Собрание во рамки на официјалната посета на Загреб остварил продуктивна средба со министерката за регионален развој и фондови на ЕУ на Република Хрватска, Наташа Микуш Жигман, со фокус на унапредувањето на институционалната соработка и размената на искуства во користењето на европските фондови.

„Ја истакнав важноста на хрватското искуство во програмирањето, управувањето и спроведувањето на проекти финансирани од ЕУ, особено во областа на регионалниот развој и зајакнувањето на административните капацитети на централните и локалните институции. Разговаравме и за спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда, како конкретни инструменти за економски развој и приближување на нашата земја до стандардите и пазарот на ЕУ“, напиша Гаши на Х.

Тој ја поздравил подготвеноста за продлабочување на соработката преку размена на експертиза и добри практики, во насока на поефикасно искористување на можностите што ги нудат европските фондови.

Повеќе
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран