Воен хеликоптер од типот AС-532 на турското Воено воздухопловство, се урна по полетувањето од Ескишехир за извршување мисија за обука, соопшти во вторникот Министерството за одбрана.
„Петмина од нашите херојски соборци, кои се наоѓаа во хеликоптер на воздухопловните сили што се урна за време на лет за обука во Ескишехир, ги загубија своите животи. Се молиме Бог да им подари милост на нашите загинати херои, а на нивните ожалостени семејства, на Турските вооружени сили и на нашиот благороден народ им изразуваме сочувство и им посакуваме сила и трпение.“
ПРЕПОРАЧАНО
Од минитрството посочија дека остатоците од леталото се лоцирани, а во тек се операции за пребарување и спасување.














