| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
ОПЕК ја обвинува ЕУ за неуспехот на КОП31
Генералниот секретар на ОПЕК, Хајтам ал-Гаис рече дека не се согласува со тврдењата дека Саудиска Арабија, Русија и други производители на нафта се одговорни за неуспехот на разговорите во Анталија
ОПЕК ја обвинува ЕУ за неуспехот на КОП31
Самитот на ОН за климата заврши без договор откако Европската Унија и другите земји го отфрлија конечниот политички договор / Anadolu Agency (Wire)
 

Земјите производители на нафта и гас дејствуваа „добронамерно“ на разговорите за климата на Самитот КОП31 и не треба да бидат обвинети за нивниот неуспех, изјави генералниот секретар на ОПЕК, Хајтам ал-Гаис, во среда.

Во блог пост насловен „Што навистина се случи на КОП31?“, ал-Гаис рече дека не се согласува со тврдењата дека Саудиска Арабија, Русија и други производители на нафта се одговорни за неуспехот на разговорите во Анталија, кои завршија во недела, два дена по предвидениот рок.

„Тие не беа страните што ги напуштија разговорите. Тие не беа оние што ги парализираа“, напиша ал-Гаис.

Земјите се спротивставија на формулацијата за напуштање на фосилните горива и го поддржаа споменувањето на новите технологии во настанување насочени кон зафаќање на емисиите на јаглерод, главните емисии што се сметаат за причина за климатските промени, познати како зафаќање, употреба и складирање на јаглерод.

Тие ги обвинија ЕУ и другите актери за неуспехот на преговорите.

Самитот на ОН за климата заврши без договор откако Европската Унија и другите земји го отфрлија конечниот политички договор предложен од домаќинот Туркије и Австралија, претседавачот со преговорите, велејќи дека е неприфатлив бидејќи не споменува постепено укинување на фосилните горива.

Неколку земји ги обвинија нафтените држави за прекумерно влијание врз процесот.

Малите земји во развој, исто така, се спротивставија на споменувањето на зафаќањето на јаглерод, тврдејќи дека технологијата е скапа, нетестирана на големо и може да го продолжи производството на нафта и гас.

Ал-Гајс ја обвини ЕУ за лицемерие, велејќи дека повикува на постепено укинување на јаглеводородите, а во исто време олабавува некои од сопствените енергетски регулативи.

Тој ја наведе одлуката на ЕУ да го одложи известувањето за емисиите на метан за увозниците на нафта и гас до 2029 година.

Претседателот на КОП31, Мурат Курум, турски министер за животна средина, го бранеше процесот во среда, велејќи дека копретседателите соработувале со сите страни.

Тој за Ројтерс изјави дека фокусот на ЕУ на „дефиницијата на фосилните горива“ е клучна пречка за постигнување консензус, заедно со споровите околу финансирањето за борба против климатските промени.

Повеќе
Јужнокорејскиот суд го потврди ослободувањето на соборениот претседател од обвинение за кривоклетсво
Ирак ги демантира извештаите за движење на војници кон курдскиот регион
ОПЕК ја обвинува ЕУ за неуспехот на КОП31
Партијата Ликуд на Нетанјаху официјално ги оспори изборните резултати на 120 избирачки места
САД го повикaа Нетанјаху да ги почитува обврските од мировниот план за Газа
Москва демантира дека во војната со Украина загинале околу 500.000 руски војници
Трамп најавува нови тарифи и покрај поразот на средномандатните избори
Криза во израелската опозиција- Демократите на Голан ги прекинаа преговорите со мандатарот Ајзенкот
Туркије ја прошири железничката мрежа за 30% за 25 години, воведува повеќе брзи железнички линии
Протести во повеќе од 60 градови во Грција
Италија го осуди украинскиот напад врз руски бродови во либиските води
Во Белград уапсен сопственикот на таблоидот Информер, Драган Вучиќевиќ
Ердоган: Процесот за Туркије ослободена од тероризам нуди историска можност
Мерц: Европејците ќе направат сè за да ѝ ги покажат границите на Москва
Лавров смета дека ЕУ има „несериозен пристап“ во решавање на украинскиот конфликт